Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
72 
 
Вкупно станови, 2021. година (податоци по општини со седиште во градски населби)
 
Број на 
станови 
Корисна 
површина (m 2) 
Просечна површина на 
стан (m 2) 
% населени 
станови 
% ненаселени 
станови 
Тетово 
30.167 
4.095.395 
136 
68 
32 
Штип 
22.590 
1.702.757 
75 
69 
31 
Просечната големина на становите во РСМ е 99 m
2. Повеќе од 1/3 од становите се 
ненаселени (попис од 2021 година). Според учеството на населени станови во вкупниот број, 
се издвојуваат општините: Велес (78%), Валандово и Богданци (77%), додека најмногу 
ненаселени станови имаат општините: Демир Хисар (64
%), Берово (57%), Македонски Брод 
(55%) и Пехчево (54%). 
На ниво на РСМ, просечниот број на жители по населен стан во 2021 година бил 3,5, 
односно во просек 1,1 домаќинство/стан. Покрај демографските причини (негативен 
природен прираст и негативно миграциско салдо), суфицитот на станови во РСМ генерално 
се објас нува со експанзијата на градежништвото во делот на изградба на станбени објекти, 
кое е непропорционално со потребите на населението за постојано домување. Пазарот на 
домување и изградбата на нови станбени единици се препуштени на приватниот сектор 
- 
инвеститори, што само делумно го решава станбеното прашање и потребите на населението. 
На ниво на РСМ, од вкупно 533.659 станови, 526.350 се во станбени згради, 7.181 се 
во нестанбени згради, 93 се во станбени згради за институционално домување и 35 се во 
категоријата „други“. На ниво на град Скопје, од вкупно 89.569 станови, поголемиот дел,
 
односно 88.534, се во рамките на станбени згради.  
Интензитетот на станбена изградба и структурата на домување во рамките на градот 
се оценува преку параметарот станбена густина, односно број на станови изградени во 
градскиот урбан простор или негов дел. Овој показател овозможува анализа на просторната 
распределба на домувањето и служи како основа за оценка на урбаната морфологија, 
инфраструктурните потреби и социјалната структура на населението.
 
За разлика од густината изразена во жители на хектар, која зависи од бројот на лица 
што живеат во становите, станбената густина е постабилен параметар што ја мери 
концентрацијата на објекти за домување во просторот. Повисоките вредности на станбена 
густина укажуваат на интензивна употреба на просторот, што овозможува економска 
ефикасност и подобра пешачка поврзаност, но бара внимателно планирање на јавните 
простори и зеленилото. Ниските вредности, пак, се карактеристични за периферни зони и 
приградски насел би, каде преовладува индивидуалното домување и се зголемува потребата 
од моторизиран транспорт и инфраструктура со поголеми трошоци по жител. 
 
Најголема станбена густина во Државата се забележува во градот Охрид со 21 
станови/ha, а најмала вредност градот Богданци кој има 5 станови/ha.
 
Табела бр. 26 Станбена густина (станови/ha) 
Град 
Станови 2021 г. 
Површина на урбано 
подрачје на градот (ha) 
Станбена густина 
2021 г. (станови/ha) 
Охрид 
26153 
1230 
21 
Струмица 
16777 
899 
19 
Дебар 
4454 
490 
9 
Богданци 
2131 
388 
5 
Крушево 
1933 
174 
11 
Крива Паланка 
6590 
649 
10 
Штип 
20495 
2292 
9 
Гевгелија 
7014 
887 
8 
Скопје 
179386 
8790 
20 
Виница 
3547 
491 
7 
