Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
70 
дека е одлика на менталитетот на јужно
-европскиот регион, а моменталната состојба и 
димензија на феноменот е резултат на децениското запоставување и избегнување на 
решавање на проблемот. Причините за појавата на овој феномен се многубројни, главно во 
сфера та на севкупните општествени услови, како што се прашањата за добросостојба, 
неизвесност, политичките и економските состојби.  
Бесправната градба генерално може да се класифицира во три категории:
 
· 
Нехигиенски сиромашни населби, целосно непогодни за живот; 
· 
Населби со бесправно изградени објекти, најчесто на периферијата на градовите и на 
земјоделско земјиште, солидно изградени со поголема квадратура (но со 
дискутабилна статика на објектите, конструктивни елементи и употреба на 
материјали, без проект), при шт
о најголем проблем е несоодветната сообраќајна 
мрежа и инфраструктура, како и отсуството на јавни услуги;
 
· 
Индивидуални објекти без одобренија или со истечени одобренија за градење, како и 
несоодветни надградби и доградби на објекти. 
 
 
