Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
69 
3.2.2.2. Урбан идентитет  
Урбаниот идентитет на Република Северна Македонија неопходно е да се гледа во 
поширок контекст на неговата припадност на територијата на Балканскиот Полуостров, како 
и важноста на интегралното набљудување на географските карактеристики, историските 
слоеви, видовите населби и градби, кои заедно со карактерот на заедниците формираат 
единствен идентитет.  
Како резултат на општите трендови на глобализација и интензивна урбанизација, во 
поголемите градови на Република Северна Македонија се појавуваат форми на градба и 
урбани трансформации кои не се усогласени со принципите на одржлив развој. Проблемот 
на недо волното препознавање и диференцијација на карактеристиките на урбаната 
структура во постапките за планирање, проектирање и градба се рефлектира во нарушување 
на урбаниот идентитет на населените места. Некритичките просторни интервенции, а 
особено парцијалн ата изградба, го нарушуваат балансот на елементите кои мора да бидат 
присутни во концепцијата на архитектонско
-урбанистичките решенија, а тоа се: зеленилото, 
отворените простори како и односот кон улиците и соседните објекти и парцели. 
Парцијалната изградб
а е последица на доминацијата на приватниот интерес во 
одлучувањето, кој се движи по линија на максимално искористување на градежниот 
потенцијал на локациите. 
Урбаниот идентитет е во неразделна врска со културното наследство, чијашто 
заштита се постигнува со задолжително вклучување на недвижното културно наследство во 
просторното и урбанистичкото планирање, во плановите и програмите за заштита на 
животната среди на и природата, како и со неговото третирање како фактор за одржлив 
економски и социјален развој, особено во насока на развој на културниот туризам, 
домувањето, специфични занимања и образование. 
Набљудувањето на културното наследство во функција на урбаниот идентитет на 
населбите може значително да допринесе за афирмирање на овие просторни вредности како 
ресурс на одржливиот урбан развој, посебно на туризмот. Покрај материјалните остатоци кои 
се запишани во официјалните регистри како културни добра, важни фактори за карактерот 
и идентитетот на населбите се геоморфолошките карактеристики и елементите на урбаната 
и физичката структура забележани на различни нивоа на детали 
- уличен систем, јавни 
простори, згради, градежни детали и материјали. Типологијата на населбите и урбаните и 
физичките структури кои се базираат на идентификација и класификација на овие 
карактеристики и елементи треба соодветно да бидат препознаени во законските и 
планските докуме нти. Исто така, важно е да се воочат елементите на урбаната и физичката 
структура кои претставуваат урбани репери и основа за брендирање на урбаните населби 
како туристички производи. 
3.2.2.3. Бесправна градба 
Категоријата бесправно градење е крајно негативен феномен во ригидните и 
неефикасни административни системи на урбанистичко планирање. Бесправната градба се 
манифестира во повеќе форми, од опструкцијата на основните урбани функции, узурпација 
на јавното добро до безбедносни и естетски прашања. До овој момент направени се неколку 
обиди процесот да се запре или забави, но проблемот со дивоградбите, кои просторно не 
ретко формираат цели населби сè уште постои. 
Досегашните понудени решенија балансираат меѓу легализација (озаконување) и 
уривање, а поретко се применува втората опција, бидејќи овој проблем претставува значајно 
политичко и социјално прашање. Процесот на бесправна изградба, слободно може да се каже 
