Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
68 
Град 
Жители 
(2021г.) 
Површина на урбано 
подрачје на градот (ha) 
Урбана густина 
2021г. (ж/ha) 
Крива Паланка 
13481 
649 
21 
Штип 
42000 
2292 
18 
Гевгелија 
15156 
887 
17 
Скопје 
422540 
8790 
48 
Виница 
8584 
491 
17 
Македонска Каменица 
4368 
200 
22 
Свети Николе 
11728 
727 
16 
Демир Хисар 
2431 
162 
15 
Кавадарци 
32038 
872 
37 
Кичево 
23428 
1433 
16 
Валандово 
3671 
181 
20 
Струга 
15009 
856 
18 
Делчево 
9644 
454 
21 
Демир Капија 
2643 
196 
13 
Кратово 
5401 
235 
23 
Кочани 
24632 
1039 
24 
Прилеп 
63308 
1917 
33 
Неготино 
12488 
369 
34 
Берово 
5850 
367 
16 
Пехчево 
2471 
173 
14 
Битола 
69287 
2573 
27 
Куманово 
75051 
3506 
21 
Велес 
40664 
1107 
37 
Пробиштип 
9760 
278 
35 
Радовиш 
14460 
375 
39 
Македонски Брод 
3643 
83 
44 
Ресен 
7904 
298 
27 
Гостивар 
32814 
718 
46 
Тетово 
63176 
1117 
57 
Густината на населеност претставува суштински индикатор за проценка на степенот 
на урбанизација, квалитетот на живеење и ефикасноста на користењето на просторот. 
Анализата на овој показател овозможува подобро разбирање на динамиката на урбан раст, 
потребит е од инфраструктура и јавни услуги, како и потенцијалите за одржлив урбан развој. 
Во контекст на урбанистичкото планирање, густината на населеност се анализира на 
различни просторни нивоа: на ниво на град, општина, урбана зона или плански блок. За 
добивање на реална слика за урбаната густина, при урбанистичкото планирање на градовите 
треба да се користи само во изграденото подрачје, односно зоната во која се концентрирани 
станбените, деловните и јавните функции. Вклучувањето на ненаселени или рурални 
површини може да доведе до значително искривување на резултатите.
 
Во урбанистичката теорија и практика се прави разлика помеѓу неколку вида густина:
  
1. Бруто густина (Gross density) 
– однос помеѓу бројот на жители и вкупната површина 
на урбаното подрачје, вклучувајќи улици, паркови и јавни простори.  
2. Нето густина (Net density) – однос помеѓу бројот на жители и површината што реално 
е наменета за домување (без улици и јавни простори).  
3. Комбинирана урбана густина 
– вклучува и население и број на работни места или 
функции по единица површина, за да се прикаже целокупниот интензитет на 
користење на просторот.  
