Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
67 
 
Слика бр. 10 Сообраќајна достапност на општинските центри во однос на 15
-минутни и 30 -
минутни изохрони 
Во рамките на 30 -минутната изохрона, најголем број на населени места потенцијално 
се интегрирани од центрите: Свети Николе, Куманово, Скопје, Штип, Гостивар и Велес, додека 
најголем број жители се опфатени во изохроната околу центрите на Свети Николе (6561
13), 
Тетово (605467), Куманово (554840), Скопје (320614) и Гостивар (208789). 
 
Спроведената анализа јасно укажува на големото значење на сообраќајната 
инфраструктура за просторна интеграција, особено кога станува збор за 30
-минутни 
растојанија. Центрите со поволна сообраќајна положба, лоцирани во близина на 
автопатиштата, имаат преди спозиција за интеграција на територија значително поширока од 
административната. Центрите во близина на Скопје (Тетово, Гостивар, Куманово, Свети 
Николе и Велес) имаат можност за развој на други функции, особено во економија, транспорт 
и логистика, туризам итн. 
Со методот на екстраполација на податоците за бројот на жители и урбаните опфати 
на градските населби, определен е урбанистички параметар дефиниран како густина на 
населеност - урбана густина, како еден од основните показатели за карактерот и структурата 
на урбаното ткиво. Тој овозможува проценка на степенот на искористеност на просторот во 
рамките на градските и урбанизираните подрачја. Урбаната густина се изразува како број на 
жители на единица површина. Најголема урбана густина во Државата има градот Тет
ово (57 
ж/ha), а најмала градовите Богданци и Пехчево (14 ж/ha).
 
Табела бр. 24 15 Урбана густина во 2021 година (жители/ha)
 
Град 
Жители 
(2021г.) 
Површина на урбано 
подрачје на градот (ha) 
Урбана густина 
2021г. (ж/ha) 
Охрид 
38818 
1230 
32 
Струмица 
33825 
899 
38 
Дебар 
11735 
490 
24 
Богданци 
5244 
388 
14 
Крушево 
4104 
174 
24 
