Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
62 
салдо во внатрешните миграции и со најголема нумеричка големина на миграциското салдо 
во надворешните миграции. 
Странските извори на податоци (Eurostat, UN Population Division of the Department of 
Economic and Social Affairs, Word Bank, OECD, статистиките на земјите на прием и др.), иако 
со одредени разлики, потврдуваат дека бројот на македонски граѓани во странство
 
забележал голем и континуиран пораст.  
Така, според Еуростат бројот на македонски државјани во европските земји на прием 
достигна околу, односно повеќе од 300.000 лица. Типологија на општините според 
демографскиот потенцијал 
Врз основа на Индексот на демографски ресурси (Ider), кој го сочинуваат 
Демографскиот индекс (Idem) и Индексот на образованост (Io), може да се идентификуваат 
6 типа на општини: со изразено поволни демографски ресурси, со поволни демографски 
ресурси, со до бри демографски ресурси, со слаби демографски ресурси, со многу слаби 
демографски ресурси и со изразено слаби демографски ресурси. Типологија покажува дека 
во нашата Држава с амо 4 општини имаат изразено поволни демографски ресурси (сите во 
Скопскиот регион), со поволни демографски ресурси се 8 општини (4 во Скопскиот, 2 во 
Југозападниот и по 1 во Пелагонискиот и Полошкиот регион), а 11 општини имаат добри 
демографски ресурси (од кои 4 во Скопскиот, 2 во Вардарскиот и по 1 во сите др
уги региони, 
освен Југозападниот). Најголем број од општините (43 или 53,8% од општините) согласно 
типологијата, имаат многу слабо или изразено слабо демографско обележје и потенцијали, 
како и многу низок степен на образованост. 
Овие неповолни показатели за демографскиот потенцијал во земјата коинцидираат 
со фактот дека 39 општини се во најдлабока демографска старост, а 25 општини во длабока 
демографска старост. 
 
 
