Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
61 
Според Пописот од 2021 година, Македонците, како доминантна еничка група 
сочинуваат 58,4% од резидентното население на Република Северна Македонија, Албанците 
24,3%;Турците 3,9%, Ромите 2,5%, Србите 1,3%, Бошњаците 0,9% и Власите 0,5%.
 
Миграции 
Обемот и динамиката на миграциските движења одиграа важна улога во 
разместеноста на населението и силните измени во демографските структури. 
 
Табела бр. 20 Доселени и отселени лица, 2005 -2022 , Извор: ДЗС 
Региони 
Доселени граѓани на РСМ 
Отселени граѓани на РСМ 
Миграциско салдо 
Вкупно 
Внатрешни 
миграции 
Надворешн
и миграции 
Вкупно 
Внатрешни 
миграции 
Надворешн
и миграции 
Внатрешни 
миграции 
Надворешн
и миграции 
РС Македонија 
161811 
154813 
6998 
170543 
154813 
15730 
0 
-8732 
Вардарски 
12604 
12492 
112 
15657 
15111 
546 
-2619 
-434 
Источен 
15261 
15010 
251 
19340 
17764 
1576 
-2754 
-1325 
Југозападен 
19741 
17904 
1837 
26377 
18765 
7612 
-861 
-5775 
Југоисточен 
14886 
14517 
369 
16362 
15212 
1150 
-695 
-781 
Пелагониски 
17321 
15428 
1893 
17872 
17711 
161 
-2283 
1732 
Полошки 
17398 
16088 
1310 
20564 
17694 
2870 
-1606 
-1560 
Североисточен 
11597 
11162 
435 
14326 
13830 
496 
-2668 
-61 
Скопски 
53003 
52220 
783 
40045 
38726 
1319 
13494 
-536 
Податоците кои се однесуваат на вкупната мобилност на населението и миграциското 
салдо не ја одразуваат реалната состојба, поради нереално малиот опфат на надворешните 
миграции во делот на емиграцијата на македонските граѓани во странство, која во 
последните две децении забележа огромни размери. Според податоците од редовното 
статистичко истражување најголем дел од вкупниот број на доселените (95,7%) и отселените 
лица (90,8%) граѓани на РСМ во периодот 2005
-2022 година отпаѓа на внатрешните 
миграции во кои доминира учеството на доселените/отселените граѓани во/од Скопскиот 
регион, кој беше и остана единствен регион со позитивно миграциско салдо.
 
 
График бр. 2 Вкупен обем, на внатрешни миграции во РСМ , 2005 -2022 , Извор: ДЗС 
За емиграцијата од Република Северна Македонија во странство не постојат 
релевантни податоци од домашни извори, иако тие во последните две децении забележаа 
огромен обем и интензитет. Тоа го потврдуваат податоците од Пописот во 2021 година и 
пресметката сп оред витално -статистичкиот метод, според која во периодот 2005
-2021 
година негативното миграциско салдо изнесува околу 230000 лица. 
 
Сите плански региони имаат негативно миграциско салдо во периодот 2005
-2021 
година, но со најголемо се издвојуваат Полошкиот и Југозападниот регион (73327 и 45996 
лица, респективно), кои забележаа и најголемо намалување на резидентното население во 
периодот 2002 -2021 година. Скопскиот регион, е единствен регион со позитивно миграциско 
