Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
58 
Табела бр. 16 Просторно –географски карактеристики на регионите во РСМ, 2021 година
, Извор: 
ДЗС 
Региони 
Површина во km2 
Број на жители 
Густина на аселеност 
ж/km 2 
Број на општини 
Општини со седиште 
во град 
Општини со седиште 
во село 
Број на населени 
места 
Учество во населени 
места (%) 
Учество на градското 
во вкупното 
население (%) 
РС Македонија 
5436,95 
1836713 
73,0 
80 
43 
37 
1767 
100,0 
100 
Вардарски 
4063,3 
138722 
34,1 
9 
5 
4 
215 
12,2 
8,8 
Источен 
3537,29 
150234 
42,5 
11 
8 
3 
217 
12,3 
9,5 
Југозападен 
3604,63 
177398 
53,0 
9 
5 
4 
286 
16,2 
8,2 
Југоисточен 
2767,02 
148387 
53,6 
10 
5 
5 
188 
10,6 
6,4 
Пелагониски 
4909,65 
210431 
42,9 
9 
5 
4 
343 
19,4 
13 
Полошки 
2431,81 
251552 
103,4 
9 
2 
7 
184 
10,4 
8,5 
Североисточен 
2310,3 
152982 
66,2 
6 
3 
3 
192 
10,9 
8,3 
Скопски 
1812,75 
607007 
334,9 
17 
10 
7 
142 
8,0 
37,3 
Во најмалите општини до 5.000 жители (21,3% од општините) живее 3% од 
населението на земјата, додека 75,5% од населението апсорбираат големите општини со 
повеќе од 20.000 жители. Во мрежата на урбани населби, доминираат малите градови, од 
кои 14 се со големина до 10000 жители во кои се сконцентрирани 6,7% од населението, 15 се 
средно големи градови во кои живее 32% од населението. Пет се големи градови, а градот 
Скопје опфаќа 37,3% од градското население во земјата.
 
3.2.1.3. Природно движење на населението
 
Природното движење на населението вo периодот 2001
-2021 година претрпува 
силни измени. Стапката на природен прираст во 2021 во однос на 2005 година се намалила 
од 2,0‰ на 
-5,4‰ во 2021 година. Ниската вредност на природниот прираст (кој во 
последните некол ку години има негативен предзнак), со која се соочуваат сите региони, 
произлегува од сé помалиот обем на раѓања и зголемувањето на општата стапка на смртност 
на населението. Негативен природен прираст е регистриран во повеќе од три четвртини од 
општините в о Државата. 
Во 2021 година дури 85% од општините имале негативна стапка на природен прираст. 
Позитивни вредности биле забележани во 12 општини, а само во 4 општини стапката на 
природен прираст е повисока од 5‰.  
Бројот на живородени деца, во целина гледано се намалува во сите региони, а 38,9% 
од вкупниот број на живородени деца во 2021 година се во Скопскиот плански регион. 
Општата стапка на наталитет изнесува 10,2‰, бруто стапката на репродукција 0,79, а нето 
стапката на репродукција 0,78. Тоталната стапка на фертилитет (TFR), која почнувајќи од 
1997 година е под вредноста од 2,1 и продолжува да се намалува, е особено загрижувачки 
факт, кој укажува дека во нашата држава нема замена на генерациите. Ваквите состојби
 со 
природното движење на населението ја наметнуваат потребата од креирање на мерки и 
препораки на конзистентна државна и локална популациона политиката, заснована на 
научна основа и насочена кон поттикнување за родителство од различни аспекти.
 
