Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
57 
3.2. Антропогена сфера 
3.2.1. Демографија 
3.2.1.1. Популациона динамика и просторно разместување на населението
 
Според податоците од Пописот во 2021 година, Република Северна Македонија има 
1836713 жители што во однос на 2002 година претставува намалување од 9,19%. Ваквата 
состојба е резултат на општествено
-економските и политичките процеси во изминативе 
дваесет години, кои создадоа предуслови за емиграција на голем контингент на работна 
сила, што силно се рефлектира врз обемот на вкупната популација и нејзините структурни 
карактеристики. 
Табела бр. 
15 
Број на население и домаќинства во РСМ, 1948
-2021 година
, 
Извор:https://makstat.stat.gov.mk
 
 
Година 
 Население 
 Домаќинства  
Вкупно 
Меѓупописна 
променa 
Меѓупописна 
промена (%) 
Вкупно 
Меѓупописна 
промена 
Меѓупописна 
променa (%) 
1948 
1152986 
- 
- 
218819 
 - 
- 
1953 
1304514 
151528 
13,14 
246313 
27494 
12,6 
1961 
1406003 
101489 
7,78 
280214 
33901 
13,8 
1971 
1647308 
241305 
17,16 
352034 
71820 
25,6 
1981 
1909136 
261828 
15,89 
435372 
83338 
23,7 
1994 
1945932 
36796 
1,93 
501963 
66591 
15,3 
2002 
2022547 
76615 
3,94 
564296 
62333 
12,4 
2021 
1836713 
- 185834 
- 9,19 
598632 
34336 
6,1 
На регионално ниво, во периодот 2002 
– 2021 година, единствено во Скопск
иот 
плански регион е регистриран пораст на населението за 4,99%, додека на локално, 
зголемување на бројот на населението е регистрирано само во 17,5% од општините во 
Државата. Најголем пораст е евидентиран во општина Студеничани (27,4%), а најголемо 
опаѓање во општина Центар Жупа (
- 43%). Најголем дел (33,05%) од населението на 
Државата во 2021 година е дистрибуирано во Скопскиот регион. Ваквата состојба е причина 
за продлабочување на веќе актуелната демографска и економска поларизација во 
просторот. Бројот на домаќинства (598632 во 2021 год.) бележи континуиран пораст од 6,1% 
во периодот 2001 - 2021 година како резултат на растот на самечките домаќинства од 91,67%. 
Просечната големина на домаќинствата во 2021 година е 3,07 лица и тие се најголеми во 
Полошкиот (3,48 лица), а најмали во Источниот плански регион (2,7 лица).  
Интензивната урбанизација од втората половина на XX
-от век, резултираше со 
континуиран пораст на градското население во Државата, кое во периодот 1961 до 2002 
година се зголеми за повеќе од двојно. Најголемо процентуално зголемување е забележано 
во периодот 1961
-1971 година (47,9%), за да во последниот меѓупописен период се 
регистрира пад на бројот на градското населени е за 8,3% . Споредено со 1961 година, во 2021 
година бројот на градско население (588423 жители) е со процентуално учество од 61,6% во 
вкупното население. 
3.2.1.2. Просторно демографски карактеристики
 
Општата густина на населеност во 2021 година изнесува 73 ж/
km2, со регионални 
разлики од 34,1 ж/ km2 во Вардарскиот регион, 
103,4 ж/km 2 во Полошкиот регион 
до 335 
ж/km 2 во Скопскиот регион.  
