Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
55 
милиони тони (кои во овој момент се сметаат за експлоатациони), јасно е дека во наредните 
десетина години, најзначајните резер
ви во Пелагонискиот басен ќе бидат исцрпени, што 
значи дека за продолжување со работа на термоелектраната е неопходно активирање на 
останатите лежишта на јаглен (Мариово, Живојно, Звегор
-Стамер, Панчарево и Лавци). 
 
Слика бр. 
8 Појави на енергетски минерални суровини
, Извор: Стратегија за геолошки 
истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини на 
РСМ 2025 -
2045, МАНУ 
Наоѓалиштето на јаглен (лигнит) Мариово е сместено јужно од градот Прилеп на 
оддалеченост од околу 30 km, на регионалниот пат Прилеп 
- с. Витолиште. Со последните 
детални геолошки истражувања во 2009/2010 година, потврдени се геолошки резерви од 
96.000.000 милиони тони од категорија A+B+C1 (2010) со долна топлотна вредност од 7.654 
KJ/kg. Според ревидираниот рударски проект, планираниот капацитет е 2 милиони тони 
јаглен годишно, што со експлоатационите резерви од 61.260.000 тони, овозможува 
експлоатација за период од околу 30 години. 
Наоѓалиштето „Живојно“ е трето главно лежиште за јаглен во Пелагонискиот регион 
лоцирано приближно 35 km југоисточно од градот Битола, до самата граница со Република 
Грција. Се наоѓа на 20 km од рудникот „Суводол“ и претставува продолжение на рудникот 
„Брод-Гнеотино“ (на 4 km од него). Со геолошки (билансни) резерви од околу 100.000 тони 
од кои половината се експлоатациони, овој рудник има животен век од околу 30 години
. 
Иако постојат еколошки императиви и меѓународни притисоци за намалување на 
употребата на јаглен во Република Северна Македонија, добро планираната транзиција што 
