Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
54 
Мермерот од околината на Прилеп кој се користи како архитектонско
-украсен камен 
има големо економско значење. Извонредниот квалитет, посебно на белиот мермер 
нашироко познат под името „Сивец“, е база со која десетина руднички компании одлично 
стопанисуваат . Но за подобро препознавање на овој квалитет надвор Р
епублика Северна 
Македонија неминовно е да се заштити географскиот регион од каде се вади истиот и да се 
брендира оваа суровина како препозна
ен и проверен македонски бренд
, како и да се
 
лимитира неговиот извоз во вид на комерцијални блокови (необработени парчиња) и 
стимулира неговa обработка и фабрикување во нашата земја. 
 
Во последните 10 години карбонатните суровини наменети за производство на 
дробен агрегат за бетон и тампонски материјали (градежно технички камен) се неметалична 
суровина која многу се истражува и се отвараат голем број на рудници (каменоломи). 
Независно о д тоа дали се процесираат мермери или варовници, агрегатот добиен од овие 
неметали е многу квалитетен и доста баран во градежништвото.
 
 
Слика бр. 7 Активни рудници на неметалични минерални суровини
, Извор: Министерство за 
економија на Република Северна Македонија 
3.1.4.3. Енергетски минерални суровини
 
Резервите на јаглен во нашата Држава се сконцентрирани во наоѓалиштата 
(рудниците): Суводол, Брод Гнеотино, Осломеј и Живојно. Имајќи ги во предвид годишните 
потреби на ТЕЦ Битола од 6 милиони тони/годишно и расположивите резерви од околу 60 
