Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
53 
Во минатото експлоатација на металични минерални суровини се вршела во уште 
неколку рудници кои сега не се активни: Дамјан, Тајмиште и Жван (за експлоатација на 
железо), Митрашинци (железо и титан) и Радуша, Лојане и Раброво (хром) . 
3.1.4.2. Неметалични минерални суровини
 
Најзначајни неметалични минерални суровини за нашата економија се: неметалите 
за цементната индустрија (цементни лапорци, туфови и бречи), гипсот, мермерот и 
карбонатите (мермери и варовници) кои се користат како технички камен. Цементните 
лапорци од сериј
ата „Усје“, вулканските туфови и бречи во Кратовско 
– Злетовската 
вулканска област како и карбонатните, се базни суровини за македонската цементна 
индустрија. 
 
Слика бр. 
6 Појава на неметалични минерални суровини
, Извор: Стратегија за геолошки 
истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини на 
РСМ 2025 -
2045, МАНУ 
Гипсот во економски значајни количини се наоѓа во околината на дебарските села 
Косоврасти и Мелничани, каде се експлоатира со површинска експлоатација и се 
преработува. Неговата сѐ поголема употреба во градежништвото како еколошки материјал 
со добри изолациски својства 
упатува на потребата од 
истраж ување на неговите 
квалитативни и квантитативни својства што би било одлична основа за дополнителен развој 
на индустријата во овој дел на земјата. 
