Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
49 
од 2011-2017 година просечниот број на претпријатија кои се занимаваат со преработка на 
дрво изнесува 477, а за производство на мебел 625. 
Секоја година се евидентираат штети и загуби од разни биотски и абиотски фактори. 
Најмалку 8000 m
3 дрвна маса се оштетува годишно, од инсекти, болести, снег и ветер, додека 
од пожарите просечно годишно се уништува 7128ha односно 61721m
3 дрвна маса. 
Бесправните сечи се сеуште актуелен и сериозен проблем. 
 
3.1.3.4. Ловство 
Согласно географските, еколошките и други специфичности на природните фактори, 
во Република Северна Македонија се издвоени 11 ловностопански подрачја (со ловни реони) 
како посебни ловностопански целини и тоа: 
· 
Пелагониско ловно -стопанско подрачје (Прилеп, Битола, Демир Хисар и Крушево);
 
· 
Охридско – Преспанско ловностопанско подрачје (Ресен, Охрид, Струга и Дебар);
 
· 
Кичевско – Бродско ловностопанско подрачје (Кичево и Македонски Брод);
 
· 
Полошко ловностопанско подрачје (Тетово и Гостивар);
 
· 
Скопско – Кумановско ловностопанско подрачје (Скопје и Куманово); 
· 
Средновардарско ловностопанско подрачје (Велес и Свети Николе);
 
· 
Долновардарско ловностопанско подрачје (Кавадарци, Неготино, Валандово и 
Гевгелија); 
· 
Криворечко ловностопанско подрачје (Крива Паланка и Кратово);
 
· 
Брегалничко ловностопанско подрачје (Штип, Кочани, Виница и Пробиштип);
 
· 
Влаинско – Малешевско ловностопанско подрачје (Берово и Делчево);
 
· 
Струмичко ловностопанско подрачје (Струмица и Радовиш).
 
 
Слика бр. 3 Ловностопански подрачја, ловишта со репроцентри
 
 
