Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
47 
3.1.3. Шуми и шумско земјиште 
Вкупната површина под шуми и шумско земјиште зафаќа повеќе од 40 % од 
површината на Државата. Имајќи предвид дека најмалку 65 000 ha површина под шуми, 
сеуште катастарски се води како пасишта, а површината под шуми е перманентно во пораст, 
реалната застапе ност би била уште поголема. Податоците за вкупна површина под шуми во 
Државата во 2020 година варираат 1 007 095 ha (Министерство за земјоделство шумарство 
и водостопанство), 1 004 355 ha (според FAO), до 1 039 576 ha, податок од ЈП Национални 
шуми, кој се однесува на површина под шуми опфатена со Плановите за стопанисување. Со 
оглед на надлежноста на ЈП Национални шуми, анализите се базираат на овој податок како 
најрелевантен. 
Повеќе од 10 % од обраснатата површина со шуми се наоѓа во заштитените подрачја 
од различни категории.  
3.1.3.1. Структура на шумскиот фонд
 
Од вкупната површина под шуми, во државна сопственост се 87,4%, додека шумите 
во приватна сопственост зафаќаат 12,6 %.
 
Шумите според својата намена се делат на стопански шуми, шуми со посебна намена 
и заштитни шуми. 
Според видовиот состав најзастапени се шумите составени од листопадни видови 
дрвја (616 339 ha или 59 % од обраснатата површина под шуми). Шумите од иглолисни 
видови се застапени на површина од 62 170 ha или само 6% од вкупната обрасната површина 
под шуми, а мешаните шуми од листопадни и иглолисни видови се застапени на површина од 
319 427 ha (31% од обраснатата површина). 
Од површината под уредени шуми, опфатени со Планови за стопанисување (1 039 576 
ha), 892 477 ha е обраснато шумско земјиште, а 147 098 ha необраснато. Најголем дел од 
уредените шуми односно 61,75 % се нискостеблени, кои заедно со шикарите и шибјаците 
заземаат 68,85 % од обраснатата површина. Високостеблените шуми заедно со шумските 
култури се застапени на 31,15 % од обраснатата површина.  
Деградираните шуми односно шумите со значително намален производен 
потенцијал, а со тоа намалени еколошки и социјални функции, се застапени на површина од 
44.385 ha или 4 % од обраснатата површина. 
Вкупната дрвна резерва во уредените шуми во Државата е проценета на 93 454 576 
m3 или просечно 104,7 m 3/ha. Најголем дел од дрвните резерви во уредените шуми, односно 
18 869 706 m
3 (20,19 % од вкупната дрвна резерва) е лоциран во Југозападниот регион, а 
најмал дел во Скопскиот регион односно 4 354 134 m
3 (4,66 % од вкупната дрвна резерва). 
Само во високостеблените шуми, односно шумите од генеративно потекло, кои главно се 
„подлабоко“ во планината, во зона на поповолни еколошки услови, дрвната резерва по 
единица површина изнесува 211,6 m 3. Овие шуми зафаќаат 30,48 % од обраснатата површина 
на уредени шуми. Вкупната годишна продукција на дрвна зафатнина во уредените шуми во 
Државата изнесува 1 800 153 m
3, а средната годишна продукција на дрво (прираст) изнесува 
2,02 m 3/ha. Само во високостеблените шуми средната годишна продукција на дрво (прираст) 
изнесува 3,80 m 3/ha. Согласно изнесеното, шумовитоста во нашата земја е релативно висока, 
дури и во европски рамки, но дрвната резерва и годишната продукција на дрво (прираст) се 
ниски. 
