Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
46 
рекреативен улов кој учествува само со 1 ,3 %. Вкупниот улов на риба во 2021 година, изнесува 
2 171 537 kg, од кои 65.6 % се уловени ладноводни риби, а 34.4 % топловодни риби. Во 
вкупното производство на аквакултура (2 017 547 kg) најзначајнa е пастрмката (1 362 761 kg).
 
Трговија со земјоделско -прехранбени производи 
Со склучувањето на Договорот за Слободна трговија со ЕУ и Централно
-европскиот 
Договор за слободна трговија (ЦЕФТА), најзначајни трговски партнери за Државата се ЕУ
-27 
и земјите членки на ЦЕФТА. 
Во периодот од 2012 до 2021 година, евидентен е континуиран негативен трговски 
биланс на земјоделско -прехранбени производи, особено изразен по периодот на Ковид
-19 
пандемијата. Трговскиот дефицит од 316 милиони евра ја истакнува зависноста од увоз, а 
покриеноста на извозот со увоз на земјоделско
-прехранбени производи изнесува 67 % во 
2021 година. Најзначајни извезени производи се тутунот, виното, конзервиран зеленчук, 
јагнешко месо, свеж зеленчук, замрзнат зеленчук, јаболки и др. додека во увезените 
примарни земјоделски производи учествуваат јунешко месо, живинско месо, свинско свежо 
месо, сирења, конзервиран зеленчук, масло од сончоглед, кафе и др. 
3.1.2.3. Наводнување и одводнување на земјоделски површини
 
Наводнуваните површини во 2016 година, изнесувале 84 434 ha. Во периодот 2017 
- 
2019 година, капацитетите на хидромелиоративните системи (ХМС) се сериозно намалени, 
па така реално наводнуваната површина во 2022 година е со просечна вредност од 21 906ha 
(околу 26% од искористената земјоделска површина), односно просечно по земјоделско 
стопанство 0,75 ha (0,68 ha за индивидуални стопанства, 51 ha за деловни субјекти). 
Причините за ваквата состојба се: застареноста на системите, оштетување на опремата и 
инфрас труктурата, неефикасно управување и одржување на системите, расцепканост на 
површините, институционални, технички и промени во законската регулатива и друго. 
 
Системите за одводнување и покрај тоа што се оперативни, се соочуваат со голем број 
проблеми поврзани со ефикасно управување и искористување. Генерално, каналите се во 
запуштена состојба, не се прочистувани и одржувани долг временски период.
  
Агротехничките мерки 
ги опфаќаат основните принципи во земјоделско 
производство и од технолошки аспект во една целина ги поврзуваат главните фактори како 
што се: климата, почвата, техничките средства и технологијата. 
 
3.1.2.4. Деградација на земјоделското земјиште
 
Почвите се изложени на деградациони процеси кои го намалуваат нивниот квалитет: 
ерозија, загуба или влошување на структурата, компактност (збиеност), намалување на 
органската материја, салинизација и алкализација, контаминација
 и намалување на 
биодиверзитетот на почвата , потоа лизгање на земјиштето, деструкција со отворени копови 
во рударството и со екскавација на разни материјали, покривање со цврст отпад и пренамена 
во користењето (конверзија, запечатување) на земјиштето.  
Главната причина за деградација на земјишниот фонд се процесите на ерозија. 
Нашата држава е една од најзагрозените земји од ерозија на Балканот и согласно Извештајот 
на Европската Агенција за животна средина од 1995 година, класифицирана е в
о т.н. „црвена 
зона”. Со различен интензитет на ерозија е зафатена површина од 24 813 175 km
2 или 96 % 
од територијата на Државата, од која околу 37 % е изложено на посилна ерозија (екцесивна, 
силна и средна). 
 
 
