Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
41 
незначително во споредба со конвенционалното производство. Површината под 
сертифицирано органско производство изнесува околу 4 000 ha, што претставува 0,94 % од 
обработливата површина. Во сточарското производство најголемо учество во органското 
производств о во вкупниот број на сертифициран добиток има овчарството.
 
Структура на земјоделското производство
 
Поледелство 
Во структурата на земјоделските површини и земјоделското производство, од 
житните култури, најзначајни се пченицата, јачменот и пченката.  
Целокупното производство на пченица во нашата Држава е наменето исклучиво за 
задоволување на домашните потреби. Во 2021
 година таа е најзастапена во Пелагонискиот 
плански регион со 37% од вкупното производство. Генерално, остварениот просечен принос 
е низок, а во одделни плански региони (Вардарски, Источен, Југозападен и Североисточен) е 
понизок од регистрираниот принос во Државата.  
Јачменот е најзастапен во Североисточниот регион (со 25% од вкупното 
производство), а потоа следи Пелагонискиот плански регион, каде е регистриран највисок 
просечен принос. Во овие два региони се остварува 48 % од вкупното производство на јачмен 
во Државата. 
Пченката е трета по застапеност житна култура во Државата. Најзастапена е во 
Полошкиот плански регион со 25 % од вкупното производство во 2021 година. 
Реализираните приноси во Источниот, Полошкиот и Пелагонискиoт плански регион го 
надминуваат просекот во Државата. 
Тутунот е најзастапена индустриска култура која сè уште е атрактивна за населението 
(посебно од руралните средини) со оглед на фактот дека не постои негова замена со друга 
земјоделска култура која би можела од иста површина да обезбеди еквивалентно ниво на 
приход. Станува збор за ориенталниот тип тутун, конкурентен на странските пазари, кој 
претставува стратешки земјоделски производ за Државата. Се одгледува на површина од 
15457 ha од која се остварува производство од 24329 t со просечен годишен прираст од 1574 
kg/h. Тутунот е најзастапен во Пелагонискиот плански регион со 38% од вкупното 
производство. 
Од останатите позначајни поледелски култури производството на 
р'ж e најголемо во 
Источниот плански регион со 34% од вкупното. Најголемо производството на 
овес остварува 
Скопскиот плански регион (40 % од вкупното). Производството на ориз во нашата Држава се 
реализира само во два региони. Најповолни природни услови за одгледување на оваа житна 
култура има во Источниот плански регион, каде се реализира 98% од вкупното производство. 
Според официјалните статистички податоци површините под ори
з се релативно стабилни 
низ годините и во двата производствени региони. 
Во категоријата индустриски култури, сончогледот е најзначајната и водечка култура 
за производство на масло. И покрај неговото стратешко значење, засеаните површини се 
мали, така што поголем дел од потребите со меркантилно семе и нерафинирано масло се 
обезбедуваат од увоз. Производството на сончоглед е најголемо во Пелагонискиот регион со 
76% од вкупното. 
Фуражни култури - Домашното производство задоволува само околу 40 % од 
вкупните потреби од добиточна храна. Причините за ова се недоволната земјоделска 
површина, екстензивниот начин на производство без примена на соодветни агротехнички 
мерки, расцепканоста на парцелите и не можноста за соодветна примена на наводнување кај 
