Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
40 
3.1.2. Земјоделство и земјоделско земјиште 
3.1.2.1. Користење на земјоделското земјиште
 
Република Северна Македонија има исклучително поволни почвено
-климатски и 
агроеколошки услови за развој на земјоделското производство, како и богат биодиверзитет. 
Од вкупната земјоделска површина, која во 2021 година изнесувала 1.259.996 ha, 516.733 ha 
е обработливо земјиште (од кое под ораници и бавчи се 416.714 ha, овоштарници 16.942 ha, 
лозја 23.776 ha и ливади 59.301 ha). Пасиштата се простираат на површина од 742 760 ha, 503 
ha е површина под бари, трски и рибници. 
Во структурата на одгледувани култури на ораниците и бавчите, со 66 % учествуваат 
житните култури, 12,5 % се површини под градинарски култури, фуражните учествуваат со 
околу 10 % , овошни и останати култури 6,5 % и индустриските култури со околу 5 %.  
Динамика на промените на земјоделската површина по обем, и структура на 
користење (во период од 2012 до 2021 година) е со негативен тренд, односно намалување кај 
вкупната земјоделската површина за 7 873 ha, кај пасиштата за 13 798 ha и кај ливадите за 
1.140 ha, на сметка на зголемување на вкупните обработливи површини за 6 326 ha, 
ораниците и бавчи за 2 639 ha, овоштарниците за 2 320 ha и лозјата за 2 507 ha. 
Зголемувањето на обработливите површини, по долгиот период на опаѓање (од 2001
 до 2012 
година), најверојатно е последица на политиката на субвенционирање.  
Пренамената на земјоделското земјишта во непродуктивнo е тренд кој е актуелен 
подолго време и кој често е резултат на приватни иницијативи.
 Неодржливото користење на 
земјиштето под веќе присутната закана од климатските промени е директна причина за 
деградација и дезертификација на земјиштето, уништување и узурпирање на високо 
квалитетни обработливи земјоделски површини, што претставува еден од
 основните извори 
на загрозување на животната средина . 
3.1.2.2. Земјоделско производство 
Земјоделскиот сектор е еден од најзначајните сектори за македонската економија. Се 
карактеризира со дуална структура, во која главно доминираат индивидуалните земјоделски 
стопанства. Од економска перспектива во последното десетолетие учеството на 
земјоделството во бруто
-домашниот производ, заедно со ловството, шумарството и 
рибарството има флуктуирачки и опаѓачки тренд, и тоа, од 10,2 % во 2011 година до 8,6 % во 
2021 година. Заедно со преработувачката индустрија (вклучително производство на 
пијалаци и туту н), учеството во бруто -домашниот производ достигнува 12 %. 
Од регионален аспект, Југоисточниот со 29 % и Пелагонискиот плански регион со 21 
%, имаат најзначајно учество во креирањето на бруто -додадената вредност во земјоделското 
производство. Од останатите плански региони, најмало учество од само 4 % во создавањет
о 
на бруто додадената вредност има Североисточниот плански регион.
 
Во Република Северна Македонија постојат повеќе 
системи на земјоделско 
производство : 
- конвенционално производство; 
- интегрирано производство (приватни стандарди како на пр. Натурленд и др.);
 
- биодинамичко производство (приватни стандарди како Деметер и др.) и
 
- органско производство.  
Земјоделското производство во Државата во најголема мера е конвенционално. 
Органското производство, иако бележи растечки тренд во последните години, сeуште е 
