Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
39 
Охридското Езеро е најголемо од трите природни тектонски езера, со површина од 
348,8 km² (229,9 km² на територијата на Република Северна Македонија, а 118,9 km² во 
Р.Албанија). Се наоѓа на 695 m н.в., со најголема длабочина која изнесува 286 m. 
Преспанскот о Езеро, е со површина од 274 km² (176,8 km² во РСМ, 47,8 km² во Р.Грција и 49,4 
km² во Р.Албанија). Езерото се наоѓа на 853 m н.в. со најголемата длабочина од 54,2 m. 
Површината на Дојранското Езеро изнесува 43 km² (од кои на Р.Грција припаѓа околу една 
третина односно 15,6 km²). Езерото се наоѓа на надморска височина од само 143 m со 
максимална длабочина до 10 m. 
Глацијалните езера се најзастапени на Шар Планина (44), потоа на Корабскиот масив 
(11), а само по неколку на Пелистер (2), Јабланица (4), Јакупица (Големото и Малото 
Салаковско Езеро) и Стогово. Овие езера во најголем дел се постојани, односно имаат вода 
преку целата година. Дел од глацијалните езера со нивните циркови и високопланински 
извори поседуваат карактеристични пејзажни и природни вредности, и се дел од подрачјата 
регистрирани и евидентирани како природно наследство. 
 
 
