Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
38 
Средната годишна температура на воздухот изнесува околу 5
,0°С, а количество на врнежите 
изнесува околу 1000 mm. Овие простори се одлични за развој на зимски ски туризам, 
планински летен рекреативен туризам, етно и екотуризам, но и за развој на сточарството.
 
Алпското планинско подрачје 
зафаќа многу мали површини, бидејќи само неколку 
планини се издигнати над 2250 m. Просечните годишни температури се движат од околу 0°С, 
па се до околу -4,0°С, и приближно во половина од годината просечната температура е под 
нулата. Во споредба со претходн ото подрачје годишното количество на врнежи е намалено 
и изнесува околу 800 mm. Ова подрачје се протега над шумскиот појас и во него има само 
скромна високопланинска вегетација и камењари. Од тие причини, просторот е поволен 
единствено за планинарење и иск ачување на највисоките врвови.  
 
Слика бр. 2 Климатски подрачја, Извор: EEA, SOER, 2010
 
 
Вкупната должина на водотеците во Државата изнесува е 7637 km, а густината на 
речната мрежа е 0,30 km/km
2. Во Република Северна Македонија има над 150 водопади, 
распределени во три основни типови на водопади и тоа: тектонски, ерозивни и акумулативни 
водопади. Тектонските водопади се најзастапени, меѓу кои најпознати се: Смоларскиот 
Водопад, Колешинскиот Слап,
 водопадите на Камењанска Река на Шар Планина и 
Мокриевскиот Водопад. Од ерозивниот тип на водопади се регистрирани околу 50 водопади 
од кои најпознат е Ростушкиот водопад. Акумулативниот тип на водопади се најзастапени на 
реките Папрадничка, Банинска, Рос тушка, Длабока Река, Рибница и др.  
Термалните води се застапени поради неотектонските процеси на територијата на 
Република Северна Македонија. Геотермалните води кај нас традиционално се користат од 
17 термални извори во главно за балнеолошки потреби. 
