Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
37 
Субмедитеранското климатско подрачје 
(50 – 500 м.н.в.) кое ги опфаќа Гевгелиско -
валандовската и Дојранската Котлина, претставува значаен потенцијал во функција на развој 
на летниот капачки туризам (Дојранско Езеро), но и за други видови на туристички содржини. 
Просечната годишна температура н
а воздухот се движи од 15,5°С, а просечните годишни 
суми на врнежи во ова подрачје изнесуваат 711,8 mm. Во овој регион климата дава можности 
за развој на медитеранско земјоделство (маслинки, калинки и сл.), раноградинарски култури, 
производство на винова л оза, овошни култури, но и за организирање на енергетски содржини 
во вид на соларни и ветерни електрани. 
Умерено-континенталното -субмедитеранско подрачје (до 600 м.н.в.) ги опфаќа 
централните делови од Државата, како што се Скопската Котлина, Кумановската Котлина, 
средното Повардарие, како и целата Струмичка Котлина. Просечната годишна температура 
на воздухот се движи од 12,7 до 14,3°С, а една од основните карактеристики на климата на 
ова подрачје е значи
телно малата годишна количина на врнежи кои се движат помеѓу 
472,1mm до 594,6 mm. Овој климатски регион е погоден за развој на интензивно земјоделско 
производство (лозарство, овоштарство, раноградинарски култури) и производство на 
индустриски растенија. Кл
иматските потенцијали на овие простори отвораат можност за 
поставување на соларни и ветерни електрани.  
Топло континентално подрачје (600 до 900 м.н.в.) ги опфаќа: Охридско
-струшката, 
Преспанската, Кичевската, Пелагониската, Полошката, Делчевската и Славишката Котлина. 
Просечната годишна температура на воздухот се движи од 10,7 до 11,9°С, додека годишните 
количини на врнежите се движат во границите помеѓу 531,5 mm до 710,9 mm. Во ова подрачје 
се застапени житните култури, овошките и виновата лоза. Охридско
-струшката и 
Преспанската Котлина имаат голем потенцијал за развој на летен капалишен и други видови 
на туризам (конгресен, излетнички , спортско-рекреативен и др.). 
Ладното континентално подрачје
 (од 900 до 1100 м.н.в.) ги опфаќа највисоките 
котлини (Беровската) и пониските планински подрачја. Се одликува со преодни 
карактеристики на климата, помеѓу континенталното и планинското подрачје. Просечната 
годишна температура на воздухот изнесува 9,2°С, 
а просечните годишни суми на врнежи во 
ова подрачје изнесуваат 646,2 mm. Овие простори се погодни за развој на летен планинско
-
рекреативен туризам, викенд туризам, излетнички и рурален туризам, етно и екотуризам. 
 
Подгорското континентално -планинско подрачје (1100 до 1300 м.н.в.) е со типично 
планински релјеф каде опстојува букова шума. Средната годишна температура на воздухот 
во ова подрачје се движи околу 8,0°С, а годишното количество на врнежи пресметано преку 
графиците со вертикални градиенти за разни дел
ови од Република Северна Македонија, би 
изнесувало околу 900 mm. Овие простори се поволни за развој на повеќе видови на туризам, 
како што се здравствениот и рекреативниот туризам.
 
Горското континентално -планинско подрачје (1300 до 1650 м.н.в.) се одликува со 
планински релјеф. Средната годишна температура на воздухот е нешто пониска од 
претходното подрачје и изнесува 7,6°С, а просечните годишни суми на врнежи во ова 
подрачје изнесуваат 1046 mm во Маврово и 1058 mm во Лазарополе. Снегот претставу
ва 
главен климатско -метеоролошки ресурс и затоа во ова подрачје треба да се развива 
зимскиот туризам. Климатските услови во текот на летото се идеални за спортски и 
рекреативни активности, дел од просторот може да биде наменет на формирање на 
инфраструктур а за спортски подготовки. Просторот е исто така климатски поволен за развој 
на сточарството, односно за производство на месо, млеко и млечни производи.  
Субалпското планинско подрачје 
(1650 и 2250 
м.н.в.) се одликува со планинска 
клима, односно свежи, врнежливи лета и студени зими во кои преовладуваат врнежи од снег. 
