Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
35 
и рехабилитација на постојните системи, надградба на 33.368,00 ha и изградба на нови 
системи на површина од 106.342,00 ha,
 како и изградба на системи за одводнување на 
3.500,00 нови површини. Овие плански определби не се реализирани, бидејќи не се 
превземени активности за рехабилитација на постојните, ниту пак изградба на нови системи. 
Како резултат на застареноста на системите, оштетување на опремата и инфраструктурата, 
неефикасно управување и одржување на системите, расцепканост на површините, 
институцион ални, технички и други проблеми, во 2022 година покрај намалување на 
можната површина за наводнување на 91 469 ha, се намалува и реално наводнуваната 
површина на 21.906,00 ha (околу 26% од искористената земјоделска површина).
 
Табела бр. 10 Споредбен биланс на намена за непродуктивно земјиште
 
НАМЕНА 
план 2020 (ha) ППРМ 
состојба 2021 
води и водотеци 
55.000,00 
 9.841,44 
природни езера 
43.410,00 
 46.349,60 
населби 
65.000,00 
 33.875,99 
останато непродуктивно земјиште 
72.590,00 
 152468 
Вкупно 
236.000,00 
 242535,03 
Во структурата на непродуктивното земјиште, планирана со проекциите на ППРМ 
(2002 -2020), доминираат водите, што е резултат на планираните акумулации (23 големи и 
околу 100 мали), со чија реализација би се зголемила постојната површина под води за 
11.000,00 ha. Со оглед на нискиот степен на реализација на овие плански решенија во 
изминатиот период (изградени се само 7 акумулации), површината под води во 2021 година 
е значително помала (9841,44 ha).  
Во планираната површина под населби (65.000,00 ha), се предвидува површина од 
30.000,00 ha за легализација на бесправно изградени објекти (над 100.000) и проширување 
на планските опфати на некои населени места, во прв ред седишта на новоформираните 
општини. И покрај фактот што во Државата се спроведе акцијата за утврдување на правен 
статус на дел од нелегално изградените објекти, површината под населби во 2021 година е 
значително помала (околу 52%). Но, со оглед на непостоење на регистар на актуелни 
урбанистички планови за населби во Државата, податоците за површините од оваа класа на 
намена во овој документ се превземени од изворот CORINE LAND COVER. Поради нивото на 
деталност и методологијата користена во овој проект, сите податоци треба да се земат со 
извесна резерва. Но сепак, големата разлика во планираната и остварена површина под 
населби, говори и за тоа дека при изработка и донесување на урбанистички планови, сепак 
се почитувани одредбите на ППРМ 2002
-2020 за внимателно и контролир ано зафаќање на 
нови, особено продуктивни категории земјиште за урбани намени. 
Што се однесува до споредбите на останатото и вкупното непродуктивното земјиште, 
проценката на остварувањата на планските решенија во однос на состојбата во 2021 година 
е неспоредлива од следните причини: 
· Постои разлика во површината на природните езера, која се должи на користените извори 
на податоци, 
· Останато непродуктивно земјиште (податок за 2021 го
д.) опфаќа: градежно земјиште под 
инфраструктурни и други објекти надвор од населените места, т.н преодно земјиште 
(необработено земјоделско земјиште обраснато со ниска вегетација) и површини без 
дефинирана намена (239,82ha) кои се последица на сеуште неизврше
ното усогласување на 
податоците од АКН со податоците за државната граница кон северните соседи (Р
. Србија и 
Косово) и од тие причини има значително поголема површина од планираното со ППРМ
. 
