Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
34 
Во периодот на имплементација на Просторниот план на Република Македонија 
(2002 –2020), Државата стана полноправна членка на НАТО Алијансата, при што значителен 
дел од податоците неопходни за 
проценка на степенот на реализација 
преминаа во 
класифицирани информации. 
2.17. Намена и користење на земјиштето
 
Основната трансформација на земјиштето предвидена со Просторниот план на 
Република Македонија (2002 -2020) се однесува на пренамена на 96.000,00 ha земјоделско 
земјиште од ниски бонитетни класи, кое е необработено и напуштено и со релативно 
изразена ерозија ; во шумско земјиште. Како резултат на тоа, планираната вкупна површина 
под шуми за 2020 се зголемува на 1.140.000,00 
ha (за 14,3% во однос на состојбата во 2001 
година) и зафаќа 44,3% од вкупната површина на Државата. Во 2021 година, површината под 
шуми и шумско земјиште во Државата изнесува 1.039.576,00 ha и учествува со 45,2% во 
вкупната површина на Државата. Според тоа, планските определби за зголемување на 
површината под шуми не се реализирани во предвидениот обем. 
Во однос на состојбата во 
2001 година, површината под шуми и шумско земјиште е поголема за 41.576,00 ha; што значи 
дека планските предвидувања се реализирани за околу 30%.
 
Земјоделското земјиште, со планските решенија се проценува на 1.196.000,00 ha. 
Овие предвидувања се надминати, па така во 2021 година, зем
јоделското земјиште зафаќа 
површина од 1.259.996,00 ha (зголемување во однос на предвиденото за 5,35%)
. Имајќи во 
предвид дека во 2001 година, земјоделското земјиште во Државата
 опфаќаше површина од 
1.244.000,00 ha, во 2021 година има зголемување од околу 1,3%.
 Но во исто време е 
регистрирано намалување на површините под обработливото земјиште во однос на 
планираното за 2020 година за 9,34 % така што зголемувањето на површината под 
земјоделско земјиште се должи на зголемувањето на површината под пасишта за 
117.760,00 ha (18,8%). Кај непродуктивното земјиште има зголемување во однос на 
проекциите за 3,43%. 
Табела бр. 8 Намена на површини (продуктивно земјиште) во 2020 година
 
НАМЕНА 2020
 
проекција (ППРМ) 
(ha) 
% 
% 
% 
Вкупна површина 
2.571.000,00 
100 
 
 
непродуктивно земјиште 
236.000,00 
9,2 
 
 
продуктивно земјиште 
2.335.000,00 
90,8 
100 
 
шуми и шумско земјиште 
1.140.000,00 
 
44,3 
 
земјоделско земјиште 
1.196.000,00 
 
46,5 
100 
пасишта 
625.000,00 
 
 
52,3 
обработливо земјиште 
570.000,00 
 
 
47,7 
Табела бр. 9 Намена на површини (продуктивно земјиште) во 2021 година
 
 
Со планските решенија на ППРМ, предвидено е зголемување на обработливите 
површини опфатени со системи за наводнување на 267.762,00 ha, по пат на реконструкција 
НАМЕНА 2021 год. 
(ha) 
% 
% 
% 
Вкупна површина 
2.543.671,00 
100 
 
 
непродуктивно земјиште 
244.099,00 
9,6 
 
 
продуктивно земјиште 
2.299.572,00 
90,4 
100 
 
шуми и шумско земјиште 
1.039.576,00 
 
45,2 
 
земјоделско земјиште 
1.259.996,00 
 
54,8 
100,00 
пасишта 
742.760,00 
 
 
58,9 
обработливо земјиште 
516.733,00 
  
  
41,0 
