Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
33 
децентрализирање на системот за противпожарна заштита;
 
· 
Зајакнување на техничките капацитети за заштита од пожари кај надлежните 
институции и 
· 
Воспоставување на национален информативен систем за шумски пожари 
(МКФФИС) 10 кој ги зголемува капацитетите за меѓуинституционална комуникација и 
координација во процесот на управување со шумските пожари.
 
Земјотреси 
Згуснување на мрежата на инструменти за регистрација на земјотреси и нивно 
осовременување сеуште н е е реализирано како и реонизација на подрачја подложни на 
сеизмички хазарди, како основ а за примена на заштитни мерки.  
2.16.2. Техничко -технолошки хаварии 
Согласно предложените сигурносни и превентивни мерки за избегнување на 
техничко -технолошките ка тастрофи дефинирани во Просторниот план на Република 
Македонија (2002 -2020), може да се констатира дека постои прогрес во минатите години во 
однос на законската регулатива (која постојано се надградува), отворање на институции, 
превземање на активности за п ревенција и слично. 
Во наредниот период потребно е да се спроведат мерки за воспоставување 
интегриран регистар на природни непогоди, нивните причинители, последици и преземени 
интервенции, како и мерки за задолжително интегрирање на компонентите за намалување 
на ризиците во сите фази и нивоа на просторното и урбанистичко планирање.
 
2.16.3. Воени разу рнувања 
Тргнувајќи од проценките за степенот на загрозеноста на одделни сегменти на 
територијата на Републиката од евентуални воени дејства, Просторниот план на РМ 2002
-
2020 ја класифицира територијата на Државата на: простори со максимален степен на 
загрозеност, простори со висок степен на загрозеност, простори загрозени од долготрајни 
борбени дејства, индиректно загрозени простори и простори погодни за слободни територ
ии 
Во таа смисла политика на заштита на населението од воени разурнувања е насочена кон:
 
- планирање и уредување на простори погодни за евакуација на населението и 
материјалните добра; 
- планирање на безбедни простори и населби во кои ќе се врши згрижување на 
евакуираното население и материјалните добра; 
- планирање, изградба и адаптација на објекти за заштита и локации за изградба на 
рововски засолништа; 
- планирање на дополнителни локации за погребување на загинати и умрени лица;
 
- локации за закопување на загинати и умрени животни; 
- локации за складирање на шут при масовни оштетувања на објекти; и
 
- локации за складирање и уништување на штетни и опасни материи.
 
Заради постигнување на соодветен степен на заштита на евакуираното население и 
преземање на активности за уредување и подготовка на просторите погодни за евакуација, 
нивните локации треба да се бараат во индиректно загрозените простори, како и во 
просторит е погодни за формирање на слободни територии. 
 
10 https://mkffis.cuk.gov.mk/
 
