Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
32 
Она што е сериозен недостаток во актуелната база на податоци е графичката 
претстава и графичкиот податок за културното наследство. Во таа насока, неопходно е 
воспоставувањето на информативен систем за културното наследство.
 
2.16. Природни непогоди и техничко -технолошки хаварии 
2.16.1. Природни непогоди 
Поплави 
Со Просторниот план на Република Македонија (2002
-2020) се предвидува 
изработка на прогностички модели за поплава за: подрачјето на Скопје со акумулацијата 
Козјак, подрачјето на Велес со акумулациите Козјак и Вакуф, Црна Река до излезот од 
Пелагонија, акум улациите Калиманци и Тиквеш и системот Охридско Езеро
-Глобочица -
Шпиље. Активностите во оваа насока резултирале со изработка на Прелиминарна проценка 
на ризикот од поплави за: Пелагонија
6, сливот на Брегалница 7 и сливот на Црни Дрим 8, како 
и План за управување со ризикот од поплави за сливот на р.Струмица
9. 
Значаен придонес кон подобрување на состојбата на заштита од поплави може да 
имаат и браните со акумулац
ии изградени во овој период: Козјак, Св. Петка , Лисиче и 
Кнежево . 
Одржувањето и реконструкцијата на веќе изградените системи е на незадоволително 
ниво, а потврда за тоа се и неколкуте поголеми поплави кои беа катастрофални во 
изминатиот период. 
Во однос на преиспитување на степенот на заштита на градот Скопје, изготвени се 
неколку документи:  
· 
Хидролошка основа за Скопски регион (УХМР, 2022), 
 
· 
Стратегија за управување со води во Скопскиот регион (UNDP, 2022), 
 
· 
Стратешки план на град Скопје за период 2020
-2022 година (Таргет Комуникации, 
2022), 
· 
Хидролошка студија за уредување, заштита и подобрување на режимот на водите и 
заштита на урбаното подрачје од надворешни води за ГУП на Град Скопје (ГИМ, 2024)
. 
Други временски непогоди (снежни намети, лавини и луњи)
 
Од донесувањето на Просторниот план на Република Македонија (2002
-2020), 
реализирани се следните активности: 
· 
Донесени се повеќе законски и подзаконски акти; 
· 
Формирана е Дирекција за заштита и спасување и Центар за управување со кризи;
 
· 
Изработени „Процени за загрозеност од природни непогоди, епидемии, епизотии, 
епитофитотии и други несреќи“ на национално и локално ниво. 
Пожари на отворен простор 
Во однос на мерките за заштита од пожари на отворен простор, во периодот на 
имплементација реализирано е: 
· 
Спроведени структурни реформи (законски, организациски и институционални) и 
 
6 PFRA -Preliminary Flood Risk , 2015 
7 PFRA -Preliminary Flood Risk , 2015 
8 PFRA -Preliminary Flood Risk , 2018 
9 FRMP -Flood Risk Management Plans
, 2016 
