Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
31 
изработка на сите видови просторни и урбанистички планови со кои се обезбедуваат 
плански услови за заштита, просторна интеграција и активно користење на 
заштитените добра се спроведува од 2005 година, со изработка на соодветна 
конзерваторска документација 
одобрена и заверена од Управата за заштита на 
културното наследство која се користи и вградува во Планот за кој е изработена;
 
2. Како значаен акт во постапките на заштитата на културното наследство во 2006 
година е донесена Национална класификација на културното наследство
5 според која 
се врши класификација на културното наследство во повеќе видови и групи;
 
3. Конзервацијата и останатите методи на непосредна заштита на поединечно 
заштитеното недвижно културно наследство и споменичките целини се одвиваше 
континуирано, но динамиката на реализација на конзерваторските проекти беше 
бавна од повеќе различни причини, поаѓајќи од финансиската немоќ на државата да 
ги обезбеди неопходно потребните средства, па се до недостаток на доволно стручен 
и специјализиран кадар од соодветни области за реализација на предвидените 
активности; 
4. Утврдувањето на границите на заштитеното подрачје на регистрираните споменици 
и споменички целини се спроведува со ревалоризацијата на културното наследство. 
Во планскиот период, 229 споменици на културата се ревалоризирани (18,56%) од кои 
108 го задржале статусот на културно наследство, истите се класифицирани, 
категоризирани, одредени се нивните граници и границите на нивните контактни зони 
и режимот за нивна заштита. Останатите (121 добро),
 поради девастација, 
руинираност и неповратно губење на споменичките вредности го изгубиле статусот 
на културно наследство. Останатите 81,44% неревалоризирани културни добра имаат 
преоден статус на некатегоризирани добра до нивната ревалоризација;
 
5. Големиот број археолошки наоѓалишта на територијата на нашата Држава и 
неможноста за нивно истражување во период од 20 години, резултираше со 
минимален број на детално истражени и конзерваторски презентирани археолошки 
локалитети. Со одредбите за спроведув
ање на актуелниот Просторен план се 
предвидуваше прогласување на резервирани археолошки зони. Бидејќи сеуште нема 
прогласена резервирана археолошка зона, и поради спорадично и несистемско 
следење и увид во постојната состојба на културното наследство и акт
ивностите за 
негова заштита се доведува до сериозни структурни оштетувања на споменичките 
добра, барајќи посериозни реконструктивни зафати кои доведуваат до негативно 
влијание на автентичноста и вредносните елементи на недвижното културно 
наследство.  
Од наведените констатации можеме да заклучиме дека целите зацртани во 
Просторниот план на Република Македонија (2002
-2020) во областа на заштитата на 
недвижното културно наследство делумно се реализирани, особено во делот на вклучување 
на културното наслед ство во просторните и урбанистичките планови и усогласување на 
методологијата за валоризација и ревалоризација на културното наследство, додека пак во 
делот на непосредната заштита и усогласувањето на плановите со потребите на културното 
наследство се напр авени многу малку активности за реализација на овие цели.
 И покрај 
квалитативниот напредок во третманот на културното наследство во просторните и 
урбанистички планови, динамиката на заштита, валоризација и категоризација и особено 
ревитализација на културното наследство треба да се интензивира.
 
 
5 Службен весник на Р епублика Северна Македонија, број 37/20 06 
