Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
29 
оптоварувањето со туристичко
-рекреативни „потоци” на подрачјето Тетово
-Попова 
Шапка -Лешница; 
· 
Мерки за заштита на загрозените шумски видови во општините Шипковица, Теарце и 
Вратница. 
· 
Мерки за заштита на шумите во Малешевијата, преку прогласување на Заштитен 
предел „Малешево“ и изработка на Регионален план за управување со шумите и 
заштита на шумските видови во НП Галичица и НП Пелистер (вклучително Ростуше), 
како и СП Вевчански Извори; 
· 
Уредени бројни туристичко -рекреативни локалитети во беровско, во ЗП Малешево, 
во околината на Штип (Исарот и Туртел) преку уредување на патеки, поставување на 
информативни табли и друго; 
· 
Заштита на горниот тек на р.Злетовица со координирана акција на Хидросистемот 
Злетовица и Заштитениот предел Осоговски Планини и превземени мерки за заштита 
на изворот Калин Камен (поставена е ограда); 
· 
Спроведени редовни активности за пошумување во Прилепско, Битолско, во Општина 
Витолиште (Мариово), Општина Бач (Кајмакчалан), Кавадаречко и Демирхисарско 
кои се дел од шумско -стопанските планови. 
Нереализираните мерки и активности за заштита на животната средина се резултат 
на ограничените финансиски средства кои се инвестираат за намалување на загадувањето 
на медиумите во животната средина, како и несоодветното одлагање на, што резултира со 
деградација на просторот на повеќе локации низ земјата. Концептот на регионално 
управување со комунален цврст отпад, кој е воспоставен со Просторниот план на Република 
Македонија иако не е реализиран, отвори можност за регионализација на управувањето со 
отпадот, преку донесување на Национална стратегија, Национален план и регионални 
планови за управување со отпадот.  
Во изминатиот период на национално ниво се донесени низа стратешки документи и 
за управување со квалитетот на медиумите во животната средина. Забележителен напредок 
во областа на заштита на животната средина е остварен во однос на усогласување на 
законодавството со препораките од земјите членки на ЕУ. Дополнително, воспоставен е 
мониторинг за следење на промените во медиумите и областите на животната средина. Во 
2008 година се усвоени Индикатори за животна средина кои ги прикажуваат клучните 
трендови и овоз можуваат брзо и соодветно дејствување на сите учесници во процесот на 
заштитата на животната средина, а особено се релевантни за креирање на политиките за 
заштита на животната средина. 
Во следниот период потребно е да се реализираат мерки и активности за заштита на 
животната средина, кои ќе придонесат за намалување на загадувањето и подобрување на 
квалитетот на воздухот, водите, почвата, организирано управување со отпадот, како и 
санација и рекултивација на деградираните простори (диви депонии, жешки точки и др.). 
Следењето на состојбите, квалитетот и промените во медиумите и областите на животната 
средина треба да по служи како основа за креирање на релев
антни политики за заштита на 
животната средина. 
2.14. Природно наследство 
Просторниот план на Република Македонија (
2002 -2020 ) детално ги разработува 
различните режими на заштита на природното наследство, прилагодени на националните 
