Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
28 
· 
Делумна рекултивација на депонијата Југохром со зафаќање на површинските води 
и изградба на пречистителна станица, делумна рекултивација на депонијата за пепел 
од ТЕ Осломеј со покривање и засадување на вегетација, рекултивација на 
каменоломот кај с. Фалиш
е, рекултивација на депониите на техноген отпад во 
рафинеријата ОКТА, делумна рекултивација на јаловиштето на рудникот за јаглен во 
РЕК Битола и рекултивација на браната на јаловиштето на рудникот Бучим
-Радовиш, 
со покривање со земја и пошумување на деград ираниот простор; 
· 
Реконструкција на филтерот за отпадни гасови од електропечката во Железара 
- 
Скопје и извршена санација на депонијата на филтер
-прашина; 
· 
Делумно покривање на јаловиштето на рудникот Злетово и утврдување на степенот 
на ризик по здравјето на населението, како и изработка на прелиминарни технички и 
финансиски планови; 
· 
Покривање и пошумување на старите јаловишта од рудникот Саса;
 
· 
Изградени погони за преработка на троската и нејзина продажба во индустриската 
депонија на Фенимак; 
· 
Отпочнато е чистење на малата депонија во Охис. 
Во изминатите години се реализирани следните активности за заштита на 
перманентно загрозените развојни потенцијали: 
· 
Спроведување на управувачки мерки во индустријата и сообраќајот за заштита на 
обработливите површини покрај индустриските зони; 
· 
Спроведување на мерки за подобрено управување со заштитните зони на изворот 
Рашче, бунарите Нерези -Лепенец, изворот Студенчица и Вевчанските Извори;
 
· 
Подобрено пречистување на комуналните и индустриските отпадни води во 
населбите кои гравитираат околу реката Вардар;
 
· 
Изграден таложник за третман на преливните води од јаловиштето на Тораница;
 
· 
Изградена функционална пречистителна станица за третман на отпадните води од 
Куманово и околината; 
· 
Превземени мерки за контролирана употреба на хемиски средства во 
земјоделството; 
· 
Спроведени активности за комплетирање на колекторот за Охридско Езеро и 
приклучување на околните населби; 
· 
Спроведени активности за контролирана употреба на хемиски средства во 
земјоделието во повеќе општини; 
· 
Редовна контрола на употребата на хемиски средства, како и квалитетот на 
преливите во Тополничка река од јаловиштето на рудникот Бучим.
 
Во функција на превентивна заштита на потенцијално загрозени простори, 
реализирани се следните активности: 
· 
Уредување на туристичките локалитети на Шар Планина, во зоните за туризам во 
населбите Здуње, Близанско, Долна Белица и Кнежевски манастир
-Кичевско, на 
туристичко -рекреативните локалитети во Кумановско и Кривопаланечко, во НП 
Пелистер (уредени планинарски 
патеки, поставени информативни табли, изграден 
информативен центар, итн.), во НП Маврово, на планината Беласица (Смоларски и 
Колешниски Водопад), во Дојранската и Гевгелиската туристичка зона (уредени 
патеки, шеталишта и плажи околу Дојранското Езеро), как
о и анализа на 
