Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
27 
услуги на корисниците, што позитивно ќе се одрази врз развој на сите сегменти на 
оштествениот развој. 
2.12. Геоинформатичка платформа, структура, анализа и поддршка за 
ППРСМ 
Дел од планските решенија поврзани со спроведување на Просторниот план на 
Република Македонија, кои се однесуваат на информацискиот систем за просторно 
планирање и попрецизно на просторните податоци се реализирани, односно:
 
· 
Воспоставена е Национална инфраструктура на просторни податоци, како рамка за 
ефикасна комуникација и размена на просторните податоци помеѓу корисниците на 
географските податоци и метаподатоците кои им припаѓаат;
 
· 
Изграден е и контиуирано надг
радуван единствениот просторно
-информативен 
систем за донесените просторни планови, кој е значаен предуслов за ефикасно 
извршување на надлежностите на Агенцијата за планирање на просторот. 
 
· 
Континуирано се дополнува единствената база на издадени услови за планирање на 
просторот (како еден од инструментите за спроведување на ППРМ),со која освен што 
се пополнува единствениот просторно информативен систем, се добиваат сознанија 
за промени во просторот кои настануваат во периодот од донесување на ППРМ сé до 
донесување нов просторен план; 
· 
За урбанистичките планови во функција е платформата е
-урбанизам воспоставена во 
2014 година. Тоа е докуцентрична платформа преку која се водат постапките за 
изработка и донесување на сите видови урбанистички планови, преку која се 
комуницира и следи статус от на секоја задача одделно. 
Просторните планови изработени и донесени во периодот на 
имплементација на 
ППРМ се обработени со примена на ГИС технологијата (различен софтвер во различен 
период) и, со еден исклучок, имаат своја геобаза. Структурата и организацијата на 
просторните податоци ја следи структурата на просторниот план.
 
Достапноста до информациите од донесените просторни планови е обезбедена на 
начин што текстуалниот дел, освен во службен весник, објавен е и на web страните на АПП и 
МЖСПП, а синтезните графички прикази се публикувани како WMS сервиси на Порталот на 
АПП и на геопорталот на НИПП. 
Активностите во оваа област, во претстојниот развоен период, треба да бидат 
насочени кон интензивирање на развојот на НИПП и ПИС, со посебен фокус на прецизирање 
на надлежностите на сите засегнати страни и обезбедување поголема отвореност и 
достапност на п росторните податоци. 
2.13. Животна средина 
Анализата на степенот на реализација на 
активностите за заштита на животната 
средина предвидени со Просторниот план на Република Македонија 
кои се однесуваат на 
санација и рекултивација на деградирани простори , зони и мерки за заштита на обработливи 
површини, извори , подземни и површински води и превентивна заштита на потенцијално 
загрозени простори покажува дека околу 35% се целосно реализирани, 30% делумно или во 
тек на реализација, а за 25% воопшто не е започната реализацијата, додека за 10% нема 
доволно информации.
 Реализираните активности за санација и рекултувација на 
деградирани простори опфаќаат: 
