Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
25 
нафтоводот Солун
-Рафинерија ОКТА со кој се транспортираше сурова нафта ќе се 
пренамени во продуктовод за транспорт на нафтени деривати (најчесто дизел гориво).
 
Постои голема разлика меѓу планираните и потрошените количини на природен гас, 
поради неизграденост на дистрибутивен систем и сеуште малиот број на корисниците на 
гасоводниот систем. Преносната гасоводна мрежа има капацитет од 800 милиони нм
3 
годишно. Во 2020 година имаше активности за реализација на магистралните гасоводи од 
Штип кон Неготино и Битола, како и гасоводот од Скопје кон Тетово и Гостивар.
 
Просторниот план 2002
-2020 се залага за задржување на високиот процент на 
учество на сопственото производство на електрична енергија во вкупното, кое ќе се 
реализира во постојните и можните нови хидроелектрани и термоелектрани. Со оглед на тоа 
што околу 20
% - 30% од потребите за електрична енергија во нашата Држава се 
обезбедуваат од увоз, ова може да се оцени како реална прогноза. Што се однесува до 
планираните термоцентрали Битола IV, когенеративната постројка на гас Скопје и Неготино 
II не се реализирани , а се изградени 3 термоцентрали на природен гас: ЕСМ Енергетика, ТЕ
–
ТО и КОГЕЛ. 
Во делот за искористување на водениот потенцијал за добивање на електрична 
енергија, од планираните 8 хидроелектрани до 2020 година, изградени се само ХЕЦ Козјак и 
ХЕЦ Матка 2 (ХЕЦ Св. Петка), како и 115 мали хидроелектрани со инсталирана моќност од 
103.84 МW и производство од 322.05 GWh во 2020 година, со што се надминати прогнозите 
на ППРМ, кој предвидува изградба на мали хидроелектрани со вкупна инсталирана снага од 
21 MW и вкупно просечно годишно производство од 92 GWh. 
Во однос на системите за пренос и дистрибуција на електрична енергија, со 
Просторниот план на Република Македонија е предвидена:
 
· 
изградба на 400 kV далновод од Битола до Миндево во Грција,
 
· 
изградба на 220 kV далновод од Вруток до Бурели во Албанија,
 
· 
изградба на 110 kV далновод од ХЕЦ Козјак до ТС Скопје 3,
 
· 
изградба на 110 kV далновод од ХЕЦ Градец до ТС Струмица,
 
· 
изградба на 400 kV трафостаница во Штип,
 
· 
изградба на 400 kV трафостаница во Мариово.
 
Во периодот до 2020 година изградени се 400 kV далновод за поврзување со 
Република Грција и 110 kV далновод од ХЕЦ Козјак до ТС Скопје 3, како и 400 kV 
трафостаница во Штип. 
Според наведеното може да се извлече заклучок дека развојот на енергетскиот 
сектор во Републиката е проследен со изработка на стратегии и усогласување на 
регулативата согласно препораките на ЕУ, производството на енергија во последните години 
бележи пораст н а искористување на обновливи извори, но и пад на домашното производство 
на електрична енергија, и зголемување на увозот на енергија. За подобрување на 
енергетската инфраструктура, покривањето на се поголемата потрошувачка и 
намалувањето на увозната зависно ст, потребно е поголемо вложување во базната енергија, 
повисок степен на искористеност на постоечките енергетски капацитети, истражување на 
капацитетот и искористливоста на обновливите извори на енергија, примена на мерки и 
материјали кои ќе овозможат пого лема енергетска ефикасност при пренос, дистрибуција и 
снабдување со енергија, како и вложувања во развој на „зелена енергија“. 
