Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
20 
определбите на Просторниот план, со оглед на нејзиниот значаен удел во развојот на 
националната економија. 
Определбата на Просторниот план за разместување на економските капацитети во 
просторот според моделот на концентрирана дисперзија, во пракса, требаше да се реализира 
со стопанските зони во рамки на урбаните простори и со основање нови стопански зони 
издвоени од градежното подрачје на населбите и нивно комунално опремување.  
И покрај ваквите определби, просторната разместеност на деловните субјекти 
останува нерамномерна, во смисла на поларизација помеѓу урбаните и руралните подрачја. 
Така, околу 90 -92 % од вкупно евидентираните деловни субјекти се лоцирани на подрачјето 
на општини со седиште во град (Скопје, Битола, Охрид, Прилеп, Тетово, Гостивар, Куманово, 
Струмица и Велес). Во најголемиот број од единиците на локална самоуправа (ЕЛС) со 
рурални карактеристики, економијата се потпира на земјоделството, со отсуство на 
урбанист ички планови како основен предуслов за создавање просторни услови за лоцирање 
производни капацитети и други комплементарни дејности со кои би се поттикнал нивниот 
економски развој.  
Политиката на просторно планирање во нашата земја во целиот период по Втората 
светска војна ја имаше вградено теоријата на полови на раст и развој, која како компонента 
беше вградена и во планските решенија на ППРМ. Сепак, очекуваните резултати не 
доживеаја практична реализација, што од своја страна не е многу различно од искуствата и 
на бројни други земји. Клучната слабост на оваа теорија може да се дефинира како отсуство 
на двонасочноста на економските влијанија која беше очекувана. Имено, градовите 
дефин ирани како полови на развојот повеќе црпеа ресурси од своето окружување, отколку 
што емитуваа развојни импулси во него. Така, разликите повеќе се продлабочуваа, 
наместо 
да се надминуваат. Нашата држава е очигледен пример, бидејќи градот Скопје се издвои со 
својот демографски и економски раст. 
Денес околу 29% од вкупното население во земјата 
живее во главниот град, а во Скопскиот регион се создава околу 43% од вкупниот БДП.
 
За надминување на актуелната состојба, неопходни се сериозни мерки, активности и 
конкретни решенија за подобрување на економскиот амбиент, забрзан и интервентен 
економски развој и ангажирање на сите економски фактори и ресурси кои може да се стават 
во функ ција на економски развој. Притоа, особен акцент треба да се стави врз: поефективно 
искористување на веќе оформените индустриски зони, воведување на зелена економија, 
пазарниот механизам, користење на европските фондови и регионално економско 
вмрежување (За паден Балкан). 
2.7. Туризам 
Во областа на туризмот, планските предвидувања и очекуваните резултати за 2020 
година се далеку од реалните вредности остварени во 2019 година, што особено се однесува 
на планираната големина на сместувачките капацитети, очекуваниот туристички промет 
(особено странскиот), планираната големина на туристичката потрошувачка и очекуваниот 
девизен приход, како и дефинирањето приоритети според очекуваните резултати и 
атрактивноста на просторот.  
Целната 2020 година е во периодот на настанатата пандемија и не е репрезент на 
реалните вредности и реалниот интерес за посета на регионите и Државата. Поради тоа, 
анализата се базира на резултатите остварени во 2019 година.
 
