Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
19 
2.6. Економски развој 
Вонредните општествено
-политички околности и проблематичните економски 
движења во периодот на имплементација на Просторниот план на Република Македонија 
(2002 -2020), резултирале со отстапувања од зацртаните определби за динамизирање на 
македонската економи ја, бидејќи планираните квантификации на основните индикатори за 
економскиот развој со временски хоризонт до 2020 година се покажаа како оптимистички и 
предимензионирани. Свој придонес во ова имаше глобалната рецесија од 2007
-2008 година 
која започна како 
хипотекарна криза во САД. Иако македонскиот банкарски сектор 
манифестираше отпорност на надворешните влијанија, сепак беа почувствувани негативни 
последици во облик на делумна стагнација и опаѓање на стапките на раст. На ова се 
надоврзаа некои интерни проб леми, како високата стапка на невработеност и намалувањето 
на инвестициите со тренд на дезинвестирање. Последицата од сето ова беше намалување на 
животниот стандард на населението и квалитетот на живеење. 
 
Горенаведеното може да се потврди преку компарирање на постигнатите стапки на 
раст во периодот на имплементација на Планот (
Табела бр. 4) со прогнозираните просечни 
стапки на раст на БДП во 
Просторниот план на РМ до 2020 година . Имено, согласно двете 
сценарија од ППРМ, се очекуваше стапките на раст да се движат на ниво од 5,3% односно 
5,1%. Македонската економија само во 2006, 2007 и 2008 година реализираше стапки на 
раст кои беа на ниво од песимистичкото сценарио (5,1%) или мал ку над тоа.  
Табела бр. 4 Стапки на раст на македонскиот БДП 2004
-2020 година, во % , Извор: НБРСМ 
Година 
2004 
2005 
2006 
2007 
2008 
2009 
2010 
2011 
2012 
2013 
2014 
2015 
2016 
2017 
2018 
2019 
2020 
Стапка 
на раст 
4.7 
4.7 
5.1 
6.5 
5.5 
-0.4 
3.4 
2.3 
-0.5 
2.9 
3.6 
3.9 
2.8 
1.1 
2.9 
3.9 
-4.7 
Во сите останати години од опфатениот период, беа реализирани стапки на раст под 
нивото на прогнозираните, за да во последната 2020 година, се достигне вредност на БДП со 
негативен предзнак. Една од основните причини за ова е пандемијата со COVID
-19, 
проследена со економска криза, која се манифестираше на глобално ниво.
 
Диверзификацијата на производната структура и асортиманот на индустриското 
производство и приоритет во структурата на производните и услужните дејности на 
преработувачката индустрија, не се реализираа во планираниот обем. Како резултат на тоа, 
преработувач ката индустрија сé уште се карактеризира со увозна зависност, недоволна 
извозна ориентираност и потреба од големи количини енергија и вода за производните 
процеси. Клучната негативна консеквенција се огледа во отсуството на пропулзивни гранки 
кои ќе имаат улога на носители на развојот.  
Определбите за преструктурирање, натамошна специјализација на производството и 
поврзување на индустријата со други комплементарни дејности, како и определбата за 
рамномерен економски развој и дистрибуција на економските дејности на просторот на 
Државата, н е се реализирани. Не е реализирана ниту целта за селективност во алокација на 
одделни индустриски гранки и насочување на помалку ефикасните и локационо 
флексибилните гранки во руралните подрачја. 
 
И покрај генерално негативните обележја на основните индикатори на развој, во 
структурата на производните и услужните дејности, можат да се нотираат одредени 
позитивни промени. Тие се однесуваат првенствено на зголеменото учество на трговијата во 
вкупната економија, проширување и осовременување на продажните капацитети и 
подобрување на снабденоста на населението и стопанството. Ова претставуваше една од 
