Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
18 
Во о сновното образование
 се силно изразени разликите во квалитетот и 
достапноста помеѓу услугите. Б
ројот на матични/централни училишта е зголемен, но сепак 
работата во две смени е сè уште најчестиот начин за организирање на наставата, 
бидејќи дел 
од општините се соочуваат со недостиг на простор. Од друга страна 
бројот на 
подрачни/селски училишта се намал
ува поради намалување на бројот на деца на оваа 
возраст. Од тие причини, нормативот од потребно основно училиште во секоја населба со 
работа во една смена, за која се залага ППРМ - не е реализиран. 
Средното образование 
се соочува со намалување на бројот на училишта, поради 
намалување на бројот на ученици, што логично резултира и со намалување на кадарот. Ваква 
е состојбата во сите региони и таа е последица на општите демографски трендови, како и 
непочитување на законскат
а обврска за задолжително средно образование кај одредени 
категории на граѓани. 
И покрај наведените состојби, и основното и средното образование, меѓу другото се 
соочуваат и со недостаток на кадар. 
Во областа на 
здравствената заштита,
 со донесување на законска регулатива се 
изврши преструктурирање и диференцијација на задолжителната примарна здравствена 
заштита, порационална организација и создавање можности за развој на комплементарна 
приватна здравствена заштита. Од 2012 година е фор мирана мрежа на здравствени установи 
која ги обединува јавните и приватните здравствени установи кои се финансираат од јавни 
средства. Приватните установи надвор од оваа мрежа пружаат здравствени услуги кои се на 
товар на пациентите. Во 2014 година започна
т е проектот на рурални лекари/тимови со цел 
да се подобри достапноста на овие услуги до жителите од руралните населби, но анализата 
покажува драстично намалување на бројот и дејствувањето на руралните тимови во 
последните пет години.  
Во делот на социјалната заштита евидентни се промените во начинот на материјални 
давања (парична социјална помош), а во однос на институционалната заштита, фокусот се 
префрла од концептот на изградба на капацитети од резиденцијален тип кон воведување и 
развој на услуги на локално ниво, 
што им овозможува на корисниците да живеат и 
опстојуваат што е можно подолго во својата средина. Воспоставувањето на овие услуги 
ефективно значи дека резиденцијалното згрижување се заменува со услуги за поддршка во 
заедницата и услуги за живеење во заедниц ата. 
Врз основа на согледаните состојби, идниот развој на јавните функции мора да се 
фокусира на принципот на полицентричен развој како основа за ублажување на разликите 
во степенот на развој на населбите и квалитетот услугите што на соодветен начин ќе се 
одрази и врз намалување на регионалните диспаритети. Неопходни предуслови за тоа се:
 
· 
Подигнување на нивото на инфраструктурна опременост, стандардот на живеење,
 
· 
Примена на сет од мерки кои ќе придонесат кон јакнење на свеста за потребата и 
значењето на образованието и со тоа подигнување на степенот на опфатеност на 
децата со основно и средно образование, и намалување на суфицитот на наставниот 
кадар во образование то; 
· 
Зголемување на капацитетот на здравствените установи, особено во руралните 
населби, подигнување на квалитетот на здравствените и социјални услуги, потреба 
која особено се манифестира како резултат на здравствената и економска криза;
 
· 
Зголемување на обемот и подигнување на квалитетот на услугите од областа на 
културата, уметноста, книжевноста, спортот и рекреацијата.
 
