Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
17 
Нелегалната градба, за која Просторниот план се залага за комплетно елиминирање 
и контролирање како појава, сеуште е актуелна. Според податоците на 25 општини во 
Државата во 2020 година, од вкупно изградените објекти, околу 15% се без одобрение за 
градење 2. 
За надминување на ваквата состојба неопходен е стратешки плански пристап и 
студиска проценка на потребите од нов станбен фонд, како и ревидирање на актуелните 
нормативи и стандарди во станбената изградба кои реално повеќе се во функција на 
задоволување на квантитативните потреби на пазарот.  
Во однос на бесправната градба, како долгогодишен и комплексен проблем со 
сериозни социјални и политички импликации, решението е исто така комплексно и 
наметнува потреба од системски пристап и строга контрола. Досегашната пракса на 
периодична легализација 
не е вистинското решение, бидејќи наместо да го елиминира 
проблемот, често претставува дополнително оправдување, па дури и мотивација за 
продолжување на праксата. 
2.5.3. Јавни функции  
Во Просторниот план на Република Македонија (2002
-2020), појдовна точка во 
организација на јавните функции е рамномерниот развој, односно организација на јавните 
функции согласно планираната мрежа на центри со различен хиерархиски ранг, и 
воспоставување на врски во просторно -функционалните целини. Предвидениот концепт на 
децентрализација на урбанизацијата и регионално рамномерниот динамичен 
полицентричен урбан систем не се реализираше и просторно
-функционалните единици и 
урбаните центри не се развија во мер
ка која би обезбедила просторно, економско и 
функционално интегрирање на подрачјето на Државата, што се рефлектира и во системот на 
организација и спроведување на јавните функции. И покрај бројните иницијативи за 
активирање на недоволно развиените и подрач
ја со специфични развојни ресурси (низ 
проекти од програмите за локален развој и децентрализација) и востановена мрежа на 
институции кои вршат јавни функции, сеуште е видлива разликата во квалитетот и 
просторната достапност на услугите помеѓу урбаните и ру
ралните средини и недостаток на 
алтернативни извори на финансирање.  
Во областа на предучилишното образование , во периодот на имплементација, покрај 
градинките (јасли и градинки), започна формирање на центри за ран развој, кои ја 
спроведуваат Програмата за ран развој за деца од три до шест години и може да бидат во 
јавна и приватна сопственост. И покрај постојано
то зголемување на капацитетот на 
предучилишните установи од една и континуираното намалување на бројот на деца од 
предучилишна возраст од друга страна, бројот на деца кои посетуваат предучилишно 
образование е сè уште низок (околу 31% од децата од предучили
шна возраст). Проекциите 
на ППРМ за отварање и функционирање на предучилишни установи во секоја населба не се 
реализирани, па така основен проблем во оваа област е недостатокот на капацитет, поради 
што за прифаќање на децата установите се приморани да рабо
тата со поголем капацитет од 
предвидениот (во 2023 за околу 13%). Овој недостаток е најголем во Југозападниот (30,5%) и 
Полошкиот плански регион (29,4%). 
 
2 Агенција за планирање на просторот 
- Годишен извештај за спроведување на Просторниот план на Република 
Македонија, 2020 година 
