Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
16 
корелација со планскиот пристап од ППРМ и формирањето на 15 просторно
-функционални 
единици за поефикасна интеграција на просторот и постигнување на балансиран просторен 
развој. 
Eфикасноста во користењето и обемот на зафаќањето на земјиштето најсигурно 
може да се согледа само преку вреднување на градежното земјиште од аспект на планските 
инструменти, односно планираниот начин на користење на градежното земјиште за 
доминантни намени. 
Иако децентрализацијата на надлежностите од централно на локално ниво донесе 
позитивни развојни промени во центрите на општините, одредени процеси се сеуште 
актуелни: 
· Разлики во степенот на развиеност помеѓу градските и руралните населби,
 
доминантно влијание на градските населби, особено на Скопје со окружувањето
; 
· Негативни демографски трендови ; 
· Незадоволителен степен на опфатеност на населбите со планска документација
; 
· Ниско ниво на инфраструктурна опременост на руралните населби
; 
· Тренд на зафаќање на продуктивно з
емјиште за ширење на градежните подрачја на 
населбите ; 
· Интензивна станбената изградба и појава на станбен суфицит во најголем број 
населби. 
Според тоа, приоритетите во оваа област треба да се насочени кон:
 
· Полицентричен развој кој е основа за ублажување на регионалните разлики и 
доминацијата на Скопскиот регион во однос на останатите;
 
· Изработка на стратегии за локален развој, со мерки и активности за намалување на 
разликите во квалитетот на животот помеѓу градските и руралните населби, 
искористување на компаративните предности за  развој на стопанството, туризмот 
и поддршка на малите бизниси и претприемништвото, особено во руралните населби; 
· Зголемување на степенот на опфатеност на населбите со планска документација за 
контрола на стихијниот развој, трансформација на продуктивното земјиште во 
градежно и експанзија на градежништвото во делот на станбен
а изградба. 
2.5.2. Домување  
Споредбената анализа на предвидениот
 и остварен станбен стандард во Државата, 
покажува дека дел од параметрите се надминати (станбена површина по жител во 2021 
година е 30,1 m 2, додека Планот предвидува 20 -25 m 2/жител, просечната големина на стан 
е 99 m 2, а предвидената 40 -80 m 2). Меѓутоа, опременоста на становите со инсталации, за која 
Планот се залага да биде 100%, се уште е на незадоволително ниво, особено во однос на 
приклучокот на јавна канализација, која ја имаат само 75,4% од становите во општините со 
градски населби, па д ури и во однос на приклучокот на јавен водовод, кој има во просек 87% 
од становите во тие општини, додека само 1/5 од вкупно изградените станови во општините 
со градски населби се опремени со централно греење.  
Со Просторниот план беше предвидено вкупниот број на станови во 2020 година да 
изнесува 725.076 за да се задоволат станбените потреби на околу 2,2 милиони жители. 
Пописот од 2021 година покажа дека населението бројно се намали (на околу 1,8 милиони), 
додека изградбата на станови беше поинтензивна, така што вкупниот број на станови ја 
надмина прогнозата за околу 114.000. 
