Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
14 
Во периодот 2002
-2020 година, реализирани се повеќе детални геолошки 
истражувања во потенцијалните простори издвоени со ППРМ:
 
· Во Кратовско – Злетовската вулканска област вршени се интензивни детални 
геолошки истражувања на бакар, злато и сребро на локалитетот „Плавица, како и 
истражувања на молибден, бакар, злато и сребро кај локалитетот „Петрошница“;
 
· Во Кожувската вулканска област 
- детални геолошки истражувања на злато на 
локалитетот „Кожуф 
– Конско“, а на локалитетот „Алшар“, детални геолошки 
истражувања на арсен, антимон, талиум и злато; 
· Во Мариовската област во близина на с.Витолиште, извршени се детални геолошки
 
истражувања на јаглен. 
Но и покрај извршените детални геолошки истражувања, нови рудници не се 
отворени, освен рудникот „Боров Дол“ во близина на Радовиш во рудниот реон Бучим 
– 
Дамјан – Боров Дол, во 2019 година. 
Идните активности на овој план, неопходно е да обезбедат поинтензивни 
истражувањето и експлоатацијата на минералните суровини како серизна база за 
македонската економија, но притоа особено е значајно да се обезбеди поголема доследност 
во спроведување на ре гулативата и планските решенија за одржливо користење и заштита 
на природните ресурси.  
2.4. Демографски развој 
Анализата на податоците од проекциите на населението во Просторниот план на 
2002 -2020 година, за 2020 година и оние од Пописот на населението во 2021 година покажа 
големи отстапувања, кои се условени од: долгорочниот карактер на проекциите, кои 
условуваат висок ризик за грешка во прогнозата; големиот интензитет на трајна и семејна 
емиграција во странство, која не можеше да се предвиди на почетокот на планскиот период; 
намалувањето на репродуктивната основа на населението и наталитетот во земјата поради 
емиграцијата во странство и пораст на бројот на децата родени во странство; интензивирање 
на процесот на стареење на населението и неговите последици и импликации врз 
демографскиот и социо -економски развој на земјата. 
Табела бр. 3 Вкупно население на Република Северна Македонија, според пописи на население
 
(1994, 2002, 2021) и проекции на ППРМ (2002
-2020) , Извор: ДЗС, ППРМ 
Година 
Вкупно население 
Просечен годишен 
пораст на населението 
Просечна годишна 
стапка на пораст 
Попис 1994 
1.945.932 
  
  
Попис 2002 
2.022.547 
9.577 (1994 -2002) 
0.6% 
Проекции ППРМ 2020 
2.225.000 
11.247 (2002-2020, ПП) 
0.5% 
Проценки ДЗС 2020 (31.12) 
2.068.808 
2.570 (2002 -2020, ДЗС) 
0,1% 
Попис 2021 
1.836.713 
-9.781 (2002 -2021) 
-0.5% 
Имајќи ја предвид основната премиса во планирањето 
- дека просторот го чинат 
луѓето, а плановите се работат за обезбедување на достоинствен и квалитетен живот на 
населението, демографската ревитализација на Државата е еден од приоритетите во 
просторниот ра звој, а со тоа и во планските решенија на овој Просторен план, кој треба да 
дефинира мерки за надминување на негативните демографски трендови, задржување на 
(особено младото) населението, стимулирање на пораст на наталитетот и опстојување во 
матичните сред ини. Ова е комплексна задача и за нејзина реализација се неопходни 
