Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
13 
2.2.1. Ловство 
Реализацијата на предвидувањата во делот на ловството покажува големи 
варијации во однос на речиси сите елементи, а особено на бројните состојби и отстрелот на 
дивечот. Како резултат на изменетите еколошки услови во живеалиштата на главните 
ловностопански видови дивеч, ловнопродуктивните површини се намалени кај сите видови, 
освен кај дивата свиња. 
Табела бр. 2 Видови на дивеч по ЛПП (Ловна планирана површина)
 
Вид дивеч 
ЛПП во ППРМ (2002
-2020) (ha) 
Актуелна ЛПП (ha) 
Обичен елен (Cervus elaphus ) 
269.876 
190.000 
Срна (Capreolus capreolus ) 
984.709 
850.000 
Дивокоза (Rupicapra rupicapra ) 
 90.555 
87.000 
Дива свиња (Sus scrofa ) 
688.037 
750.000 
Зајак (Lepus europaeus ) 
1.034.625 
700.000 
Полска еребица (Perdix perdix ) 
447.910 
350.000 
Еребица камењарка (Alectoris graeca ) 
212.230 
130.000 
Фазан (Phasianus colchicus ) 
 75.220 
52.000 
Во однос на бројната состојба на дивечот во споредба со планираната, исто така има 
намалување кај сите видови освен кај дивата свиња чија популација е благо зголемена. 
Реализацијата на отстрелот на сите видови (2022 година) е далеку под проектираната, што 
особено се однесува на еребицата камењарка (реализирани само 1,43 % од предвиденото), 
полската еребица (1,55 %) и зајакот (2,77 %). 
2.2.2. Ерозија и опустинување 
Интензитетот на ерозијата е генерално намален, како резултат на миграциите село
-
град, напуштањето на земјиштето и намалување на сточниот фонд, како и на ефектите од 
новоподигнатите шуми. Во делот на пороите, со Просторниот план на Република Македонија 
(2002 - 2020) , е планирано уредување на најопасните порои, но во минатите две децении 
спроведени се делумни уредувања (регулации во долните текови на пороите), додека 
отсуствуваат мерки во сливот согласно легислативата и стандардите за интегрално 
уредување на поројните сливови. Намалено е и одржувањето на постојните објекти поради 
трансформациите и промените на надлежностите. 
2.3. Минерални ресурси 
Периодот на спроведување на Просторниот план на Република Македонија (2002
-
2020) се карактеризира со недоволна истраженост и отсуство на стратешки пристап во 
истражувањето и експлоатацијата на минералните суровини. Значајни мерки кои се 
имплементирани се: формирање (обновување) на Геолошкиот завод на Република Северна 
Македонија; донесување на нов Закон за минерални суровини, изработка на Стратегијата за 
геолошки истражувања, одржливо искористување и експлоатација на минералните суровини 
за период од 20 год
ини, формирање на Државен инспекторат за техничка инспекција и 
донесување на Закон за техничка инспекција. Но, Државата сеуште не издвојува доволно 
средства за регионални геолошки истражувања
 и недостасуваат сериозни бази на податоци 
со геолошка содржина. 
