Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
12 
индустриските култури, впечатлива е реализација на предвиденото производство кај тутунот 
(65%), додека планските проекции за заживување на одгледувањето на шеќерната репка и 
памукот до 2020 година не се остварени. 
Во однос на добиточното производство, реализација на 74% од 
планираното е 
евидентирана кај говедата, додека кај останатите видови на добиток, таа е помала од 50%.
 
Според тоа, во планскиот период во делот на користење на земјоделското земјиште и 
развој на земјоделството како една од најперспективните гранки на нашата економија, 
приоритетно е воспоставување и водење на стимулативна земјоделска политика, поддршка 
и стимулација на прои зводство на чиста, органска храна, строга и систематска политика на 
заштита на земјоделското земјиште како необновлив ресурс од сите облици на пренамена и 
деградација, како и предвидување и спроведување на силни и конкретни мерки за 
ублажување на влијанија та и последиците од климатските промени. 
2.2. Шуми и шумско земјиште 
Во периодот на имплементација на Просторниот план на Република Македонија 
(2002 -2020), се уредени 998.054,00ha шуми и шумско земјиште од кои 844.670ha се 
обрaснати со шуми, а 142.384ha необраснати шумски површини. Уреденaта шумска 
површина со плански докум
енти е зголемена и изнесува 1.039.576ha, а зголемена е и 
обраснатата површина со шуми 
(892.477,00 ha ). Вкупната дрвна зафатнина 
е зголемен од 
86.736.386 m 3 (101 m3/ha) на 93.454.576 m3 (104,7 m3/ha ), но просечниот прираст на шумите 
бележи намалување . 
Реализацијата на планираното пошумување изнесува околу 30 % од планираното. 
Подетално по региони за периодот 2011 -2020 година, во кој вкупната реализација е само 17 
% од планираното, се движи од 5,2 % (Скопски регион) до 49,9 % (Полошки регион). И 
понатаму доминира пошумувањето со црн бор (30,6 %), ела (16,6 %) и багрем (13,8 %).  
Планираната мелиорација на деградирани шуми и шикари
 е реализирана само на 
површина од 263.000ha
, што е доста низок степен имајќи предвид дека 
71% од вкупниот 
шумски фонд во 2000 год ина го сочинувале нискостеблени и деградирани шуми. 
Со Просторниот план до 2020 год. е планирано максимално користење на етатот 
(1.400.000 m 3/год.), а реализацијата изнесува само 840.000 m
3/год. Планирано е и поголемо 
користење на недрвни шумски производи од 4-600 t, но реaлизација та е минимална, пред се 
поради фактот дека овој сегмент сеуште не е организиран и нема релевантни податоци за 
соодветна анализа. Проекцијата за отвореност на шумите е скоро достигната (сегашна 8,41 
m/ha, планирана 9,03 m/ha), но планираното подобрување на патната мрежа,
 како и 
изработката на планска и техничка документација за отворање на шумите не е реализирано.
 
Реализираното производство на дрвни сортименти е 47 % од п редвиденото. Најниска 
реализација има во Скопскиот регион (32,86%), а највисока во Североисточниот (72,55 %). 
Кај 
техничко дрво , реализирано е само 24,42 % од предвиденото , со најниска реализација во 
Скопскиот регион. 
Реализираното пошумување и подобрената заштита на шумите дава позитивен 
импулс во напорите за сочувување на шумите како значаен и многукратен природен ресурс. 
Сепак, одржливото управување, повисок степен на искористување на 
шумските резерви и 
недрвните шумски производи, како и промоција и брендирање на производството , треба да 
е приоритет и во идниот период , а активностите на надлежните субјекти да се фокусираат не 
само на утврдување на конкретни мерки за заштита, туку и на нивно доследно спроведување. 
