Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
11 
Определбите на ППРМ (2002 -2020), во однос на земјоделското производство се 
фокусира на користење на компаративните предности на Државата за разновидно 
производство и специфични производи кои може да имаат предност на пазарот, 
обезбедување на суровини за преработувачките капац
итети и зголемување на извозот. 
Проекциите за развој на земјоделството во ППРМ се презентирани со две сценарија. 
Според првото, не се очекува сериозен исчекор кон подобрување на состојбата, односно ќе 
продолжи трендот на деаграризација на просторот, ќе опаѓа интересот за земјоделското 
производство и ќе се јави диспропорција во развојот и стагнација на производството. 
Второто сценарио се залага за водење на аграрна политика која ќе овозможи умерени 
ценовни субвенции во согласност со условите на Светската трговска организација (СТО), 
користење на целото погодно земјоделско земјиште, успорување на миграцијата 
на 
руралното население кон урбаните центри, умерено усогласен прехранбен биланс и 
релативно повисока цена на храната, како и паритетен приход за земјоделските 
производители. Освен воведувањето на субвенции, и парцијалната консолидација на 
земјоделското земји ште, не се направи посериозен исчекор во насока на реализација на 
мерките кои ги предвидува второто сценарио, па така се оствари првото.
 
И покрај трендот на деаграризација на просторот и намалениот интерес за 
земјоделското производство, примарно заради изразената миграција на населението од 
рурална во урбана средина, евидентирана е реализација на околу ⅔ од прогнозираното 
растително и добито чно производство. 
Табела бр. 1 Состојба, предвидувања и процент на остварено (во 1 000 ha или 1 000 број грла)
 
Култра 
Состојба во 1996 
Предвидување за 2020
 
Состојба во 2020 
% на остварено 
Пченица 
117 
100 
73 
73 
Јачмен 
49 
65 
42 
65 
Пченка 
42 
55 
30 
55 
Ориз 
4 
5 
3 
60 
Шеќерна репа 
2 
4 
0 
0 
Тутун 
12 
26 
17 
65 
Памук 
0 
1,5 
0 
0 
Сончоглед 
17 
30 
4 
13 
Компир 
14 
15 
13 
87 
Грав 
7 
7 
5 
71 
Зелка и кељ 
3 
5 
5 
100 
Домат 
9 
10 
6 
60 
Пиперка 
9 
12 
9 
75 
Кромид 
5 
5 
4 
80 
Бостан 
9 
10 
5 
50 
Лозови насади 
29 
40 
23 
58 
Говеда вкупно 
295 
300 
222 
74 
Овци вкупно 
1 800 
2 600 
630 
24 
Свињи вкупно 
192 
350 
165 
47 
Живина вкупно 
3 361 
14 470 
1 643 
11 
Пчелни семејства 
63 
100 
100 
100 
Во однос на растителното производство, кај сите градинарски култури се евидентира 
реализација на проектираното производство за 2020 година повеќе од 70%
, со исклучок на 
бостанот, каде проекциите за производство се половично остварени. Кај житните култури 
најголема реализација (73%) има кај пченицата, 65% кај јачменот и 55% кај пченката. Кај 
