Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
10 
2.ОСВРТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОСТОРНИОТ ПЛАН НА 
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (2002
-2020) 
Основната стратешка определба на Просторниот план на Република Македонија 
(2002 -2020) е остварување на повисок степен на вкупната функционална интегрираност на 
просторот на Државата и намалување на регионалните диспропорции, обезбедување услови 
за поголема инфраструктурна и економска интеграција со соседните и останатите европски 
земји, како и квалитативни промени во просторната, економската и социјалната структура, 
особено во подрачјата со изразени дифункции на социјален и економски развој.
 
Она што може да се констатира по завршување на планскиот период на овој План е 
дека с тратешката определба не е постигната 
- Државата сеуште не е функционално 
интегрирана на начин кој би бил основа за повисок економски развој и намалување на 
регионалните диспаритети
, кои се уште понагласени. Инфрастурктурната, во прв ред 
сообраќајна поврзаност со соседните и останатите европски земји бележи незначителен 
напредок кој е пречка и за економскиот развој во рамките на Државата и една од причините 
за неповолните демографски трендови со кои се соочуваме повеќе децении. Состојбата во 
дисфункционалните подрачја од социјален и еконо
мски развој е речиси без промени, а во 
одделни региони е влошена. 
Во поголемиот дел од областите обработени во Планот, е регистриран 
незадоволителен степен на остварување на планските решенија. Постојат повеќе причини за 
тоа, кои се од различна природа, но сигурно е дека големо влијание имаа глобалните 
трендови, како еко номската и другите регистрирани кризи на светско ниво, кои силно се 
одразија директно врз македонската економија, а индиректно и врз сите останати сегменти 
од општествениот развој. Незначителниот напредок во процесот на пристапување на нашата 
држава кон Европска та унија (ЕУ) и со тоа ограничениот пристап до фондови неопходни за 
реализација на капиталните инвестиции од највисок јавен интерес, е второто значајно 
ограничување за спроведување на голем дел од зацртаните плански решенија за кои беа 
неопходни сериозни инвестиции кои Државата не можеше да ги обезбеди. Но секако дека 
силно влијание имаа и политиките на владеачките гарнитури кои многу често ги менуваа 
приоритетите, односно се фокусираа на реализација на проекти различни од она што 
Просторниот план како највисока стратег
ија го имаше зацртано. Од друга страна и измените 
во регулативата често беа во спротивност со планските решенија и одредбите на Планот и 
сето тоа доведе до отстапување од голем дел од планските решенија. Непостоењето на 
законска основа за ажурирање на План от, согласно промените во политиките и приоритетите 
на Владата, придонесоа за депласираност на дел од пла
нските решенија. 
2.1. Земјоделско земјиште 
И покрај постоењето на релевантна регулатива и низа стратешки документи за 
користење и заштита на земјоделското земјиште, консолидација и рурален развој, периодот 
на имплементација на ППРМ (2002 -2020) се карактеризира со непочитување на одредбите 
за заштита на висококвалитетното земјоделско земјиште, негова интензивна и континуирана 
пренамена во градежно, во најголем дел за потребите на остварување на приватни 
иницијативи и интереси, наместо подигнување
 на степенот на искористеност за примарна 
земјоделска обработка , зголемување на приносите и развој и инте
нзивирање на органско 
производство. За ова значително придонесоа и измените во регулативата 
со кои се
 
редуцираа ограничувањата за пренамена на продуктивното земјиште во непродуктивно.
 
