Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
9 
Западната граница со Репуб
лика Албанија е со должина од 191 km и се протега во 
меридијански правец. Главни гранични премини се Стење во Преспанска Котлина, Св. Наум 
на јужниот брег на Охридското Езеро, Ќафасан кај Струга и Блато кај Дебар
. 
И покрај дефинираните граници на планскиот опфат, анализите и истражувањата не 
се ограничуваат на административните граници, затоа што просторниот план како највисок 
стратешки документ во многу сегменти ги надминува националните граници и има 
трансграничен карактер, кога разработува билатерални и мултилатерални прашања. 
 
Општа цел на Просторниот план е да обезбеди одржлив, балансиран и усогласен 
територијален развој на државата преку рационално користење и заштита на природните, 
економските и културните ресурси, унапредување на квалитетот на животната средина и 
создавање ф
ункционално просторно уредување. Оваа цел претставува основа за 
долгорочно насочување на развојните процеси, воспоставување хармоничен однос меѓу 
урбаните, руралните и природните подрачја, јакнење на регионалната кохезија, како и 
создавање просторни услови за одржлив економски раст, социјална стабилност и еколошка 
отпорност. 
Основна задача на Просторниот план е усогласување на секторските развојни 
стратегии на Државата и преточување на националните развојни приоритети во конкретни 
плански решенија за уредување на просторот, користење на земјиштето и расположливите 
ресурси, обе збедувајќи услови за хармонизиран и одржлив развој, со посебен акцент на 
заштитата и на животната средина, природните и културни добра и благосостојба на 
граѓаните. 
За остварување на целите и приоритетите на просторното уредување на земјата 
неопходно е вклучување на највисоките државни институции со надлежности во ресорите и 
областите кои се предмет на разработка на Планот. 
 
