Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
8 
И покрај реализираното членство во НАТО, неизвесноста околу пристапувањето во 
Европската Унија претставува стратешки ризик, бидејќи може да го ограничи потенцијалот 
за забрзан економски раст, поради недостиг на развојни, институционални и инвестициски 
механизми поврзани со евроинтегративниот процес. 
1.6. Визија и приоритети за просторен развој
 
Визијата e перспектива за очекуваниот развој на просторот на Државата, на начин и 
обем кој ќе овозможи искористување на предностите и можностите кои ги нуди просторот. 
 
Визија за долгорочниот просторен развој на Република Северна Македонија до 2040 
година е: 
Порамномерно развиена територија, по принципите економска, социјална и 
територијална кохезија, со одржлива и конкурентна економија, очувани природни 
ресурси, енергетски ефикасна,
 независна и климатски неутрална држава со ефикасен и 
одговорен институционален систем, инфраструктурно поврзани и дигитализирани 
заедници во регионалното и пошироко окружување, почитуван и респектабилен член на 
меѓународната заедница .  
За остварување на ваква визија, просторниот развој треба да ги следи приоритетите 
во просторниот развој, кои произлегуваат од потребата за:
 
· Интегрирање на Државата во европскиот просторен систем,
 
· Обезбедување забрзан и одржлив економски раст, повисок животен стандард и 
повисок квалитет на животот на граѓаните, 
· Рационално (одржливо) користење на природните ресурси, 
· Здрава животна средина и справување со климатските промени. 
Приоритетите, селектирани од сет на секторски општи и посебни цели, како и 
основната цел на Просторниот план, усогласени со највисоката национална политика ќе 
овозможат креирање на решенија поддржани со соодветни политички одлуки и 
обезбедување услови за р еализација на концептот на просторен развој утврден со Планот. 
 
1.7. Просторен опфат, цели и задачи на Просторниот план
 
Планскиот опфат на Просторниот план на Република Северна Македонија се совпаѓа 
со границите на Државата, во чии рамки таа зафаќа површина од 25 436 km
2. Република 
Северна Македонија се граничи со Косово и Србија на север, со Бугарија на исток, со Грција 
на југ и со Албанија на запад. 
Северната граница кон Република Косово и Република Србија е со должина од 232km. 
Позначајни гранични премини се Јажинце во Полог, Блаце во Качаничката Клисура, 
Табановце кај Кумановско -прешевската Повија и Пелинце во долината на река Пчиња.
 
Источната граница со Република Бугарија е со должина од 165km, главно со 
меридијански правец на протегање. Главни гранични премини се Деве Баир кај Крива 
Паланка, Звегор кај Делчево и Ново Село во Струмичката Котлина.
 
Јужната граница со Република Грција е со должина од 262km, се протега во 
напореднички правец преку копнени и водени површини. Позначајни гранични премини се 
Дојран, Богородица кај Гевгелија и Меџитлија кај Битола.
 
