Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
6 
концентрацијата на критичната инфраструктура, расположливите ресурси, обезбедувањето 
на услугите, генерирањето на бруто општествениот приход и сл. 
 
Големите демографски промени во последните две децении ја поттикнаа и 
глобалната трка за работници и таленти. Интензивирањето на трајната емиграција од 
Државата во странство, која во последните две децении поприми огромни размери
 и главно 
ја опфаќа младата популација уште повеќе го нагласи недостатокот на квалификувана 
работна сила во некои занимања. Сето тоа наметнува потреба од спроведување 
посеопфатни мерки за ублажување на дефицитот на работна сила. 
 
 Миграциските движења и раселувањето на луѓето претставуваат глобален проблем 
кој влијае и врз нивото на отпорност на државите и се сметаат како фактори на ризик од 
катастрофи кои придонесуваат за зголемена изложеност и ранливост на 
населението и 
влијаат врз способноста на системот за одговор преку зголемено ангажирање и трошење на 
ограничените човечки, финансиски и материјално -технички ресурси.  
Пандемијата од COVID
-19 имаше значителен негативен ефект врз македонската 
економија, што се отслика во падот на бруто домашниот производ (кој во 2020 година се 
намали за 4,5%, во споредба со растот од 3,2% во 2019 година) и намалувањето на 
економската акти вност во различни сектори. Од глобалната криза предизвикана од 
пандемијата, на удар беше пазарот со земјоделско
-прехранбените производи, сериозно 
беше нарушена транспортната логистика, а ограничувањата на движењето и затворање на 
границите, резултираа и со
 недостиг на работна сила, особено во земјоделството, во 
трудоинтензивните и секторите со голема сезонска побарувачка на работна сила. 
 
Во рударскиот сектор, пандемијата доведе до прекини во синџирот на снабдување, 
логистиката и привременото затворање на индустриите за топење и рафинериите, што 
предизвика остри падови на пазарите на метали, минерали, нафта и гас. Ова предизвика и 
промени в о списокот „критични минерални суровини”, на кој се најдоа многу до тогаш 
вообичаени минерални суровини. 
Пандемијата имаше значително влијание и на квалитетот на водните ресурси и 
потрошувачката на вода, која беше рекордна во 2020 година (зголемување од 4% во однос 
на просекот во периодот од 2017
-2022 година), но исто така и врз туризмот, каде дојде до 
целосно блокирање на движењето на туристите и драстично намалување на посетеноста и 
престојот во глобални рамки, како и во Државата. 
Сите наведени трендови имаа значителен ефект врз зголемувањето на 
потрошувачката на ресурси, со тоа и ослободување на големи количини на отпад во 
животната средина. Зголемената употреба на пестициди, пластика за еднократна употреба, 
антибиотици и средства за дезинфекција и други хемикалии во време на пандемијата COVID -
19, драстично ја зголеми концентрацијата на загадувачи во испуштените отпадни води кои 
претставуваат голема закана за водниот живот и екосистемите. 
 
Глобалната криза предизвикана од политички судири на територијата на Европа и 
Азија, започна со силно влијание на економијата, кое се манифестираше со пораст на цените 
на земјоделските производи, енергенсите, водата (како последица на зголемените трошоци 
на електричната енергија ). 
Забрзаниот технолошки развој и сè поинтензивната примена на иновативни 
решенија, пред сè продорот на вештачката интелигенција во различни сфери на глобалниот 
развој, резултираат со радикални и револуционерни трансформации во сите сегменти на 
технолошката и ндустрија, како и во секојдневното функционирање на современиот човек.
 
