Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
5 
поголема во однос на нивото од 2006 година. Притоа, нивото на трговски дефицит не е 
намалено, иако структурата на размената е значајно променета поради учеството во извозот 
на неколку големи компании лоцирани во ТИРЗ -овите. Најголем дел од странските дирек тни 
инвестиции во изминатиот период потекнуваат од неколку земји
-членки на ЕУ, што укажува 
на поврзаноста на македонската економија со економијата на ЕУ. Истото се однесува и на 
учеството на најголемите партнери во надворешно
-трговската размена. Заостанувањето во 
процесот на евроинтеграцијата, покрај влијанието врз економијата, има рефлексија и врз 
вкупната надворешно -трговска размена, приливот на странски инвестиции, миграциите, но 
и на други полиња. Економската криза негативно
 делува и врз туристичкиот развој, 
намалувајќи ги можностите за инвестиции. Тоа се одразува и преку индексот на 
конкурентност 1 според кој Република Северна Македонија се наоѓа на 87
-то место од 117 
земји, што е многу ниско ниво. 
Членството во Европската Унија од економски аспект, за земјата, значи побрз 
економски раст, од причина што поголемиот европски пазар отвора појасни економски 
перспективи и земјата станува поинтересна за странски инвеститори. 
Користењето на 
европските фондови после зачленувањето може да донесе значајни финансиски приливи и 
реализација на значајни инфраструктурни и други проекти.
 
Стекнувањето статус членка на НАТО ја зајакна надворешната позиција на земјата во 
поглед на нејзината безбедност. Во периодот 2021 -2023 година вкупните странски директни 
инвестиции се зголемија, но сепак не може да се заклучи дека овој тренд е исклучиво 
резултат на членството во НАТО, без да се земат предвид многубројните фактори кои влијаат 
на странските инвестиции. 
Растот на светската популација и напредокот во технологијата неизбежно доведоа до 
раст на потрошувачката на минералните суровини. Суровините кои се од големо економско 
значење, а се изложени на висок ризик од исцрпување се нарекуваат „критични минерали“. 
Тие се фундаментални и за производството на широк спектар на производи и за развојот на 
„чисти“ (или зелени) технологии. 
Глобалните трендови значително влијаат и на земјоделското производство, каде се 
манифестираат со нарушување на пазарот на земјоделско
-прехранбени производи и појава 
на ценовни движења кои се резултат на ниската еластичност на понудата и побарувачката 
при н ивна промена, што негативно влијае на социо
-економската состојба во 
Државата и 
стандардот на населението. 
Уште еден значаен глобален проблем е зголемениот обем на меѓународни миграции 
предизвикани од економски, политички, безбедносни, климатски и други причини. 
Промените на глобалниот пазар на трудот и миграциските политики на земјите на прием 
предизвикаа голе ми демографски промени на населението во последните две децении и во
 
нашата држава , кои се манифестираат со депопулација од големи размери вкупно и посебно 
на ниво на одделни региони и општини. 
Од друга страна, глобалниот тренд на урбанизација кој резултира со состојба во која 
повеќе од половина од светското население живее во урбаните средини, се отсликува и во 
Република Северна Македонија, каде во 2021 година околу 62% од населението живеело во
 
градови, а степенот на урбанизација од над 70% е забележан во 15 општини. Овие развојни 
трендови значително ја зголемуваат побарувачката за инфраструктура, услуги, отворање 
работни места и влијаат на климатските промени и животната средина, што во сферата
 на 
јавниот сектор покрај со концентрацијата на населението, се манифестира и со 
 
1 The Travel & Tourism Competitiveness Report, 2021, World Economic Forum
 
