Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
4 
меѓународни сообраќајни и комуникациски коридори, кој ги поврзува земјите на т.н. развиен 
Север и недоволно развиениот Југ. Сето тоа се надополнува со природните погодности на 
Моравско-Вардарската долина, во која покрај постојните, има услови за изградба на нови 
капитални сообраќајни инфраструктурни системи 
(автопатишта, брзи железници, пловни 
патишта, телекомуникациски постројки итн.). Поволностите на овој коридор во просторна и 
функционална смисла треба да се користат рационално и ефикасно, пред сé поради тоа што 
овде се формирал најголемиот и најсложен урб ано-агломерациски систем во Државата. 
Не помалку е значаен и коридорот Запад
-Исток со силен потенцијал за поврзување 
на развиениот Запад (Италија, Франција, Шпанија итн.) со помалку и недоволно развиените 
земји на Исток (Бугарија, Романија и земјите на поранешниот Советски Сојуз). 
 
Развојот на наведените коридори ја наметнува посредничката и транзитна улога на 
Државата помеѓу Европа и Азија и вклучување на домашните стопански капацитети во 
европските интеграциони процеси, од една страна, и интензивирање на внатрешните 
интеррегионални врски и активирање на факторите за порамномерен регионален развој, од 
друга страна. Во системот на телекомуникациите, исто така, Република Северна Македонија 
претставува природен крстопат во централниот дел на Балканот, каде поминуваат мошне 
значајни коридори во насока север -југ и транс -балканскиот коридор со насока исток -запад. 
Географската положба на нашата Држава е латентна бидејќи во мирновременски 
услови овозможува развој и просперитет, а во воени услови судирање на интереси и 
освојувања што, впрочем, историјата неколку пати го потврдува.
 
1.5. Влијанија на глобалните трендови
 
Просторното планирање е географски израз на економската, социјалната, културната 
и еколошката политика, во исто време и научна дисциплина, административна вештина 
(техника) и политика развиена како интердисциплинарен и сеопфатен пристап насочен кон 
балансиран развој и организација на просторот
. Оттаму, глобалните трендови во различни 
области кои се предмет на просторното планирање имаат силно влијание врз природата, 
опсегот на истражувања и просторни анализи, како и врз креирање на решенија, мерки и 
активности за нивна имплементација. 
Тие во просторното планирање се разгледуваат од 
просторен аспект, низ анализа на нивните влијанија и последици врз просторниот развој. 
 
Напредокот на науката и технологијата, развојот на образованието и подигнувањето 
на нивото на јавната свест, не донесоа пролонгиран период на мир, пораст на благосостојбата 
во глобални рамки и намалување на конфликтноста во меѓународните односи. Низа 
случувања во светската политика, нарушувањата на економските релации, здравствените 
предизвици, како и глобалните климатски промени кои се случуваат во последнава деценија, 
ги доведоа во прашање не само просперитетот, туку и самиот опстанок на човештвото.
 
На економски план, последниве неколку години светот минува низ многу турбулентни 
промени. И покрај стабилниот глобален економски раст и меѓународното движење на 
капиталот, повторното подигање на царинските бариери и други увозни ограничувања ја 
уназадија меѓународната размена, за што придонесоа и блокираните трговски правци во тек 
на пандемијата, како и пореметувањата на бродските рути предизвикани од воените 
дејствија . Исто така, по неколку децении, светот повторно беше зафатен со високи стапки на 
инфлација, на кои централните банки одговорија со зголемување на референтните каматни 
стапки, што секако, неповолно се одразува на вкупниот економски раст и развој.
 
Сите споменати глобални случувања наоѓаат свој одраз и врз економијата на 
Државата. Вкупната трговска размена со странство во 2021 година е за околу трипати 
