Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
3 
· 
„Просторен план на регионот на сливот на реката Треска”, донесен во 2007 година;
 
· 
„Просторен план на Охридско -преспанскиот регион”, донесен во 2010 година. 
Регионални просторни планови утврдени во Нацрт фаза се:
 
· 
„Просторен план на Скопскиот регион”, во 2011 година; 
· 
„Просторен план на Источниот плански регион”, во 2017 година; 
· 
„Просторен план на Националниот парк Пелистер", во 2019 година. 
 
Регионални просторни планови во процес на изработка се Просторниот план на сливот 
на Црна Река, со завршени подготвителни активности во 2002 година и просторни планови 
за националните паркови „Галичица” и „Маврово”, подготвени до Нацрт фаза.
 
 
Слика бр. 1 Статус на регионални просторни планови во 2021 година, 
 
Извор: Агенција за планирање на просторот
 
1.4. Геостратешка поставеност на Државата 
 
Република Северна Македонија е една од најмалите држави во Европа со вкупна 
површина од 25.436km². Таа зафаќа простор со разновидни физичко
-географски 
карактеристики и природни потенцијали и ресурси. Со својата централна положба на 
Балканот, РСМ се доближу
ва до Егејското Море , на околу 80 km од јужната и 300 km од 
северната граница. На територијата на Државата извира и низ неа тече реката Вардар која 
со својата композитна долина претставува силен интеграциски потенцијал за поврзување и 
меѓуврски на целиот Балкан. 
Централната позиција на Државата во однос на непосредното окружување 
претставува значајна погодност за интеграција на сообраќајните системи како можен 
генератор за развој на сообраќајот на локално
-балканско ниво. Од исклучителна важност е 
фактот што Републ
ика Северна Македонија се наоѓа на оската на еден од најзначајните 
