Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
1 
1.ПОЈДОВНИ ОСНОВИ
 
Просторниот план е основен и највисок стратешки документ во планирањето на 
просторот и претставува национална стратегија за просторен развој, која дава насоки за 
организација, користење, заштита, уредување и управување со просторот на Државата. 
 
Изработката на Просторниот план на Република Северна Македонија (2021
-2040) 
година започна во 2017 година со усвојување на „Информација за потребите од изработка на 
нов Просторен план на Република Македонија, број 15 -1474/1 од 17.03.2017 година“, на 108 -
та седница на Владата на Република Македонија одржана на 25.04.2017 година и „Акциониот 
план со предлог мерки за започнување на постапка за изработка на нов Просторен план на 
Република Македонија број 15 -2800/3 од 08.06.2018 година“, усвоен на 110
–та седница на 
Владата, одржана на 18.12.2018 година. Изработката на Просторниот план на Република 
Северна Македонија (2021 - 2040) е предвидена во Годишните програми за финансирање на 
изработка на Просторен план во: 2019, 2020, 2021, 2022, 2023, 2024, 2025 и 2026 го
дина, кои 
ги донесува Владата, на предлог на ресорното Министерство за животна средина и 
просторно планирање. Таа е резултат на повеќедецениски континуитет во просторното 
планирање во Република Северна Македонија и прифатените определби од претходните 
национални просторни планови (првиот донесен во 1982 година, вториот во 2004 година, 
Програмата за спроведување на ППРМ (2008
-2010), Годишните извештаи за спроведување 
на ППРМ (2002 -2020), повеќе стратегии, развојни документи и јавни политики на Државата, 
резултати од досегашни истражувања, податоци, информации и развојни програми на 
надлежните јавни институции и органи, како и сознанијата од 
актуелни документи од 
сферата на планирање на просторот во Европа. 
 
Изработувањето, донесувањето и спроведувањето на Просторниот план на 
Република Северна Македонија претставува највисок јавен интерес.
 
1.1. Методолошки пристап 
Во рамките на подготвителните активности за изработка на Просторниот план на 
Република Северна Македонија (2021 
- 2040), изготвена е нова Методологија за изработка 
на просторни планови, која е основа за изработка на и на останатите просторни планови кои 
ќе се изработуваат во периодот на имплементација на националниот просторен план, како 
негова разработка. Со методологијата е направен обид за интегрирање на новите резултати 
и искуства од научните и практични достигнувања во областа, како и иновативните пристапи 
во просторното планирање, фокусирани на одржливо користење и управување со просторот, 
базирани на прем исата за одржлив развој.  
Методологијата овозможува идентификување на ресурсите и потенцијалите на 
Државата, придобивките од нивното користење, одговорноста на засегнатите страни и 
надлежните институции, но во исто време и предизвиците со кои ќе се соочуваме во тој 
процес, во насок а на утврдување на конкретни мерки и активности за реализација на 
просторниот модел и планските решенија низ интегрален и континуиран процес. Во тој 
процес се идентификуваат различни интереси (конфликти) во користење на просторот кои 
се разрешуваат низ екс пертски и научен пристап и за кои се предлага оптимално, односно 
одржливо планско решение со најголем бенефит за Државата, прифатливо за сите засегнати 
страни. 
