<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":424,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=424"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план


       Просторното планирање, како дел од научно      -технолошкиот напредок заради
примената на географско   -информациски системи и набљудување на земјата, нуди
трансформативна можност и напредок при подготовката за одговор и отпорно
закрепнување, подобрување на системи  те за рано предупредување за повеќе опасности и
блиско следење на комплексот итни случаи и во трансграничен контекст.

       Дигитализацијата на процесите во просторното и урбанистичкото планирање
претставува стратешки приоритет за воспоставување поефикасен, транспарентен и
интегриран систем за управување со просторот        преку примена на   ГИС алатки  во
планирањето на просторот.  Современите европски практики укажуваат дека примената на
дигитални платформи и географски информациски системи овозможува поголема
достапност на податоците, подобра координација меѓу институциите и повисок квалитет на
планската документација. INSPIRE дир  ективата на Европската унија може да послужи како
концептуална и методолошка рамка за развој на национални стандарди, особено во делот на
пристапноста, разменливоста и управувањето со просторните податоци, прилагодени на
националниот контекст и законодавст во.

       Дигитализацијата на просторното планирање подразбира воспоставување јасна
институционална структура и уредени надлежности, со што се зголемува ефикасноста на
планските процеси преку намалување на административните трошоци и времето за
обработка на документ  и. Имплементацијата на Геоинформацискиот систем за просторно
планирање, како дел од Националната инфраструктура на просторни податоци (НИПП),
придонесува за рационализација на ресурсите, поголема транспарентност и подобра
меѓуинституционална координација,  како и овозможување на јавна партиципација преку
дигитални алатки. Овој процес претставува долгорочна трансформација која води кон
современ, интероперабилен и ефикасен систем за управување со просторот, усогласен со
европските практики.





                                                                              372
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":424}>>>
