<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":423,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=423"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план


Балкан во која, се вклучени целите за чисти и обновливи извори на енергија и намалување на
влијанието на климатските промени, циркуларна економија, намалување на загадувањето на
воздухот, водите и почвата, воспоставување одржлив систем на земјоделство и
производство на храна и заштита на биодиверзитетот и екосистемите.

       Конвенцијата за  биолошка разновидност  и Рамковната конвенција на ОН за
климатските промени (UNFCCC) ги одразуваат глобалните грижи за состојбата со
биодиверзитетот и предлагаат решенија за унапредување на одржливиот развој кои треба
да се прилагодат/вградат на национално ниво. За промовирање    на одржливиот развој на
глобално ниво до 2030 година , креирани се Целите за одржлив развој на Обединетите Нации .

       Глобална та рамка за биодиверзитет од Кунминг -Монтреал содржи глобални цели до
2030 г одина, за заштит а и обнова на природата преку одржливо користење и поттикнување
на инвестиции за зелена глобална економија.  Стратегијата на ЕУ за зелена инфраструктура
има за цел да ја зачува, обнови и подобри зелената инфраструктура   , да помогне во запирање
на губењето на биолошката разновидност и да им овозможи на екосистемите да ги
испорачуваат своите услуги на луѓето. Како надополнување, Стратегијата на ЕУ за почви до
2030 година воспоставува рамка со конкретни мерки за заштита и обновување на почвите и
нивно одржливо користење .

      Политиките за просторно планирање и намалување на ризиците од      природни и
технички непогоди  на ЕУ се однесуваат на воспоставување на заеднички просторни
развојни цели со гледање на просторот како целина и поединечно на ниво на региони со
слични развојни проблеми и можности, при што просторната компонента на развојот ги
надминува територијалните и политичките граници.

      ЕУ има улога на олеснување на координацијата и соработката помеѓу државите
членки во полето на цивилната заштита, додека државите членки се одговорни за нивните
национални системи на цивилна заштита и управувањето со ризиците од катастрофи.Сепак,
ЕУ обезбедува поддршка во поглед на ресурсите, координацијата и експертизата кога
државите членки се соочуваат со катастрофи или кризи чиј интензитет и последици ги
надминуваат нивните капацитети и способности за ефикасен одговор. Исто така, ЕУ ги
комплементира националните мерки и напори преку подобрување на прекуграничната и
регионалната соработка за превенција и одговор на катастрофите, вклучувајќи ги и
здравствените кризи и другите итни состојби.

       Глобална рамка за намалување на ризикот од катастрофи е Рамката од Сендаи
усвоена на Третата светска конференција на ОН за намалување на ризикот од катастрофи
одржана во Сендаи, Јапонија (Sendai framework for disaster risk reduction 2015    –2030, 2015).
Рамката воспоставува современа основа за отпорен развој на државите и териториите на
глобално ниво преку промена на парадигмата од управување со катастрофи кон управување
со ризици од катастрофи. Тоа води кон градење на отпорност преку суштинско намалување
на ризикот од катастрофи и загуби во животи, средствата за живот и здравје во економските,
физичките, социјалните, културните и еколошките добра на лицата, бизнисите, заедниците и
државите. Основните препораки при просторното и урбанистичкото планирање и корис  тење
на земјиштето, се вклучување на процените на ризици од катастрофи во развојот и
реализацијата на политиките за употреба на земјиштето, примена на градежните
закони/кодови, стандардите и практиките за изградба/реконструкција, со цел да се
обезбедат стр уктури отпорни на катастрофи и реконструкција/обнова на објектите заради
намалување на последиците од катастрофите.


                                                                              371
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":423}>>>
