<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":419,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=419"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план


мешани шумски насади и избегнување на интензивни практики за управување со
месторастењето, како што се примена на хербициди и внесување на ѓубрива.

       Стратегија та за шуми до 2030 (European Commission, 2021)     се залага за  развој на
шумарството поблиску до природата (closer     -to-nature forestry)  84, концепт заснован на
одгледувачки техники слични на природните процеси          , природна обнова  на шумите и
обезбедување на поширок спектар на екосистемски услуги    .

      Критичните суровини (вклучително и минералите) имаат клучно економско значење
за Европа, но се подложни на ризици од прекини во снабдувањето поради зголемената
глобална побарувачка, особено во контекст на декарбонизацијата. „Европскиот акт за
критични суровини“ претставува с еопфатен рамковен одговор на овие предизвици, кој има
за цел зајакнување на целиот синџир на вредност, диверзификација на изворите на
снабдување со цел намалување на стратешките зависности, како и подобрување на
капацитетите за следење и управување со ризи    ците од прекини. Дополнително, актот ја
поттикнува циркуларната економија и придонесува кон зголемена одржливост и отпорност
на системот за снабдување со критични суровини во ЕУ.

      Повеќето високоразвиени земји   денес, се соочуваат со   сериозни демографски
проблеми како: стареење на населението, бавен раст и намалување   , глобални трендови кои
имаат силно влијание врз     економијата и општеството    во целост.  За справување со
демографските предизвици кои се високо рангирани во политичките агенди се препорачува
воспоставување на одржливост на демографскиот систем, што подразбира: управување со
миграциските текови, имплементација на интегрален пристап на активно стареење и
зголемување на ефикасноста на пазар      от на труд и акумулација и порамномерна
разместеност на човековиот капитал   .

     Одржливиот урбан развој  , како особено важен сегмент од одржливиот просторен
развој, неодамна стана предмет на посебни јавни политики и стратегии во Европа и светот.

       Европската Унија усвои голем број предлози за политики, повелби и декларации   , како
и повеќе документи кои ја воспоставуваат рамката за одржлив урбан развој     : Лајпцишката
повелба за одржливи европски градови (2007), Декларацијата од Марсеј (2008),
Декларацијата од Толедо (2010), Територијалната агенда на ЕУ 2020 (2011), Декларацијата
од Рига (2015) и Урбаната агенда на ЕУ         - Амстердамски пакт (2016)    . Насоките од овие
документи се од особено значење имајќи ја предвид проекцијата за двојно зголемување на
урбаното население во светот до 2050 година   .

      Посебен документ на кој се потпира Новата урбана агенда се  Меѓународните насоки
за децентрализација и пристап до основни услуги за сите    , кој го истакнува значењето на
локалните самоуправи во спроведувањето на политиките за урбан развој, како и во
инклузивното општество каде целото население треба да има пристап до основните услуги.

       Клучните теми и задачи за градовите на глобално ниво, поставени преку
гореспоменатите агенди, стратегии и препораки, се: одржливост, отпорност и креативност
како основни принципи на интегралното планирање на урбаниот развој, кои водат кон
„одржлив“, „отпорен“, „креативен“, „конкурентен“, „паметен“ и „инклузивен“ град.

      Во Територијалната Агенда 2030,    фокусирана на  постигнување на урамнотежен
територијален развој заснован на различностите на Европа           , се истакнува важноста на



84 FOREST EUROPE, 2020. State of Europe’s Forests 2020. Ministerial Conference on the Protection of Forests in
Europe, Madrid


                                                                              367
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":419}>>>
