<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":417,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=417"}>>>
             Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план


7.4. Препораки, принципи и трендови од меѓународната пракса

        Иновативните пристапи во просторното планирање, во изминатите неколку децении,
 создадоа нови идеи за искористување на просторот, како и за улогата на просторните
 стратегии во современите услови    . Просторното планирање во голема мера е функција на
 јавниот сектор со цел да се влијае врз идната просторна распределба на економските
 активности во националната економија   и да се обезбеди   подобрување на просторните
 влијанија врз другите секторски политики          . Затоа, просторното планирање    е клучен
 инструмент за  обезбедување одржлив развој  и воспоставување долгорочни и одржливи
 рамки за социјален, територијален и економски развој               . Негова примарна улога е
 подобрување на  интеграцијата помеѓу секторите како што се домувањето, транспортот,
 енергетиката и економијата и помеѓу националните и локалните системи за урбан и рурален
 развој, земајќи ги предвид и еколошките аспекти. Притоа, од особено значење е
 подигнувањето на свеста за   значењето на вклученост а на заедницата  , за постигнување
 социјална кохезија, како и за улогата на сите засегнати страни во просторниот развој.

        Европската Унија има силно влијание врз државите членки преку рамката на
 политики и нормативни акти, стимулации и неформално влијание во процесот на планирање
 на просторот. Иако нема унифицирана просторна политика на ниво на ЕУ, воспоставени се
 заеднички п росторни развојни цели   кои се однесуваат на    просторот како целина и
 поединечно на ниво на региони со слични развојни проблеми и можности, при што
 просторната компонента на развојот ги надминува територијалните и политичките граници.

       Прифаќањето на новите правни, развојни и други решенија од ЕУ, со цел
 постигнување на поголема институционална и организациона компатибилност со ЕУ, треба
 да биде условено од нивниот придонес во решавање на клучните развојни и други проблеми
 на земјата. Тие треба да се воведуваат сукцесивно и селективно и со приоритет на оние кои
 се компатибилни и комплементарни со стратешките приоритети на нашата земја.

        Територијалната компонента на кохезионата политика на ЕУ претставува политичка
 рамка пренесена во документот Територијална агенда ЕУ 2030 , кој ја нагласува важноста на
 стратешкото просторно планирање и повикува на зајакнување на територијалната димензија
 на секторските политики на сите нивоа на управување  и постигнување на целите за одржлив
 развој низ две главни цели: праведна Европа и зелена Европа   . Во делот за Зелена Европа , кој
 се залага за п  одобри еколошки живеалишта, климатски  -неутрални и отпорни градови и
 региони, се потенцираат активностите:    одржливо користење на земјиштето, отворени
 простори и јавни зелени површини, обновување на деградираното земјиште, борба против
 уништувањето на шумите и зачувување на водните тела, спречување на урбан  ата експанзија,
 воспоставување  на зелена инфраструктура, зајакнување на испораката на екосистемски
 услуги .

        Публикацијата  “Spatial Planning    - Key Instrument for Development and Effective
 Governance” 81  упатува на неколку клучни препораки поврзани со напорите за
 воспоставување на ефикасен систем на просторно планирање:
       -   Поттикнување на дебата     за улогата на просторното планирање, со активно
       вклучување на сите нивоа на власт, невладините организации и академската



  81 UN Economic Commission for Europe, 2008, Spatial Planning          - Key Instrument for Development and Effective
 Governance, New York and Geneva, pp. 37 -40


                                                                               365
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":417}>>>
